Овие мажи секогаш оставаат нешто исклучиво за себе. Не е битна дружељубивост или екстровертност, поентата е тоа што тие не сакаат да ги „покажат“ сите свои карти и тоа поради нивниот карактер, и не го прават тоа намерно, ниту поради некоја цел.
Доколку сте запознале маж чијшто карактер не можете целосно да го откриете, не знаете многу за него, а тој многу ретко зборува за себе и за својот живот, проверете дали тој се наоѓа на оваа листа.
Доколку постои еден знак чијашто репутација за тајност ја „надминува и вселената“, тоа е скорпијата.
Овој човек никогаш нема да ви каже сè што мисли или верува. Секогаш чува тајни и секогаш има „ас“ во ракавот кои ќе го искористи доколку има потреба. Овој тип на маж не сака да знаете што се случува во неговиот ум и да манипулирате со него. На крајот на краиштата, ова е негова сопствена тактика кон другите, па никогаш нема да дозволи се да се сврти против него.
Постои причина поради која вагата се вбројува мистериозните мажи, бидејќи иако е дружељубив, зборлив и екстровертен, сè што кажува и прави е бесмислено и никогаш не допира до неговиот личен живот или до што навистина го мисли.
Неговите разговори често се поврзани со „несериозни“ теми и ретко го отвора срцето. Значи, во важните работи секогаш ќе постои некоја мистерија која ќе го „покрива“ неговиот вистински живот.
Рибите се чувствителни, романтични и скромни, но тие се и доста таинствени. Мажот – риба дејствува главно врз основа на неговата интуиција, која се натпреварува со интуицијата на скорпијата.
Тој разбира многу работи, но нема да ви каже сè што ќе види. Ретко се „отвора“ и само ако навистина сте ја стекнале неговата доверба, може да ви открие дел од себе.
Јарецот поради својот изглед има атмосфера на мистерија околу себе. Тоа не е знак кој со задоволство сака да зборува за себе.
Тој седи во аголот наместо да зборува за неважни работи. Ќе зборува само ако мисли дека пред себе има извонреден соговорник, но повторно нема да открива работи за себе. Тој „купува“ информации, а не „продава“. И токму тоа ги принудува другите да бидат љубопитни во врска со него и неговиот живот.