Најбрзи мали (посни) колачи од тиква што не се печат, а цела куќа мириса убаво

Точка

03/11/2024

14:28

1.596

Големина на фонт

а а а

Чоколадните бомбици се најчестиот избор за брзи колачиња за послужување на празничната трпеза, а оваа година пробајте нешто поразлично, но многу едноставен рецепт со кремаста тиква како клучна состојка.

Неодоливите слатки грицки во вид на мали колачи се ѕвездите на секоја прослава, а бидејќи голем број на крштевки се слават со посна трпеза, се попопуларната веганска кујна ни нуди многу можности за збогатување на менито.

Една од веге-класиците се задоволствата од тиква, па денес во ова неделно попладне ви претставуваме брзи чоколадни бомби чија главна состојка е ароматична и вкусна тиква.

Се подготвуваат едноставно и брзо, а покрај тиквата, многу е важно да се користат и сите наведени слатки зачини за да се постигне најдобриот можен вкус и мирис.


Состојки:

250 гр пире од тиква

2 лажици мед

150 гр кокосово брашно

50 гр шеќер во прав

1 лажица кокосово масло

½ лажичка морско оревче

½ лажичка мелено каранфилче

1 лажичка арома на ванила

1-2 лажички цимет

100-150 гр темно чоколадо

(по избор) мелени ореви, бисквит, цимет, какао...


Подготовка

Во сад измешајте го пирето од тиква, медот, кокосовото брашно и маслото.

Додадете зачини и арома на ванила и добро измешајте.

Формирајте топчиња со навлажнети раце и ставете ги во фрижидер.

Растопете го чоколадото, па натопете ги топчињата и наредете ги на решетка да се исцедат. По желба можете да посипете мелени бисквити, ореви, цимет, какао... но не мора!

Кога чоколадото ќе се стврдне, ставете го во корпички и повторно ставете го во фрижидер најмалку 2-3 часа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk