[ФОТО] Се извлече од „канџите“ на сектата и се прошета на црвениот килим во фустан без градник: Секси изданието на актерката им го „помати“ умот на присутните

Точка

29/10/2024

20:46

2.825

Големина на фонт

а а а

Актерката Кејти Холмс со години се смета за кралица на уличната мода, а сега покажа дека може да биде и кралица на црвениот килим, со нејзиното појавување на доделувањето на „CFDA“ модните награди.


Актерката се појави во никогаш поелегантен фустан, кој го носеше без градник и ги маѓепса присутните. Кејти се одлучи за комбинација од розова и црвена боја со симетрични странични шлицови. Голиот грб и големата црна панделка го комплетираа ова секси издание на актерката која во текот на животот помина низ различни фази.


Нејзините обожаватели се многу среќни бидејќи таа конечно продолжи понатаму и успеа да си го поврати животот по разводот, но и тешкиот брак со Том Круз, во кој многу страдаше поради членство во Сајентолошката црква.


Во едно интервју актерката откри дека ужива во вклопувањето на деталите, па така овој пат ги избра совршените висечки обетки кои ги потенцираа цртите на нејзиното лице.


На доделувањето на наградите, таа дури позираше и со Ана Винтур, а најверојатно ниту оваа моќна жена во светот на модата немаше замерки за изгледот на Кејти Холмс.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk