Правилото 30-30-30 е сè попопуларен метод за слабеење благодарение на неговиот едноставен принцип: јадете 30 грама протеини во првите 30 минути од будењето, а потоа посветете се на 30 минути кардио со низок интензитет.
Овој метод се заснова на истражување кое покажува како комбинацијата од појадок богат со протеини и умерена физичка активност може да помогне да се намали апетитот, да се одржува стабилен шеќерот во крвта и да се стимулира согорувањето на мастите во текот на денот.
Јадењето големи количини на протеини првото нешто наутро обезбедува чувство на ситост и го намалува нивото на хормонот на глад, грелин.
Храната богата со протеини, како јајца, пилешко, риба, посно месо или мешунки, подолго се вари и дава енергија.
Правилото 30-30-30 беше измислено од гуруто Тимоти Ферис во неговата книга „The 4-Hour Body“, но го популаризираше биологот Гери Брека на „TikTok“. Според Брека, ваквиот појадок го одржува телото во состојба на согорување на маснотиите наместо мускулното ткиво.
Правилото 30-30-30 ја нагласува важноста на лесното кардио, како што е пливање или брзо одење (на отворено или дома, на трака), каде пулсот треба да остане под 135 отчукувања во минута.
Таквиот интензитет не го оптоварува телото со прекумерен стрес, кој промовира долгорочно согорување на мастите и го стабилизира нивото на хормоните.
Студијата од 2013 година покажа дека овој пристап е поодржлив на долг рок од тренинзите со висок интензитет бидејќи го намалува ризикот од откажување.
Освен губење на тежината, корисниците на оваа метода на социјалните мрежи известуваат за подобрување на нивото на енергија, подобра контрола на шеќерот во крвта и почиста кожа.
Сепак, важно е да се напомене дека и остатокот од денот треба да биде избалансиран. Со цел диетата да биде ефикасна, се препорачува избегнување на ултрапреработена храна и фокусирање на нискокалорични оброци богати со зеленчук, целосна храна и протеини.