[ВИДЕО] Психологот им советува на родителите: „Погледнете го ова видео заедно со вашите деца“

Точка

23/10/2024

15:06

1.656

Големина на фонт

а а а

Повеќето родители веруваат дека ги научиле своите деца за опасностите на интернетот и странците, но комичарот од Њу Џерси, Коби Персин, спроведе шокантен социјален експеримент кој покажува дека тоа не е баш така.

Персин, со родителска согласност, направи лажен профил на Фејсбук, претставувајќи се како 15-годишно момче Џејсон Биацо. Потоа им испрати барања за пријателство на три девојчиња на возраст од 12, 13 и 14 години и се договор со нив да се сретнат лично. Шокантно, сите три девојки се согласиле да се сретнат со непознатото момче и покрај опасностите.


Во првата сцена, 13-годишната Микајла договори средба со Џејсон во паркот по само неколку денови допишување. Кога пристигнала, нејзиниот татко ја изненадил, криејќи се за да ја соочи со последиците од нејзината одлука. „Дали полуде ти? Можеше да те нападне педофил! викна тој. После тоа, Персин ѝ ја откри вистинската причина за овој експеримент – предупредување за опасностите од комуникацијата со непознати лица на Интернет.

Следната сцена ја прикажува 12-годишната Јулијана која се договорила да се сретне со Џејсон додека нејзиниот татко спиел. Но наместо тоа, нејзиниот татко и Персин доаѓаат во куќата за да ја соочат со вистината. Кога ја отвора вратата, татко ѝ со неверување и вели: „Што не е во ред со тебе? Како можеше да го направиш ова?“

Во третиот експеримент, 14-годишната Џена разговарала со Џејсон на интернет. Тој ѝ кажал дека брат му ќе ја земе со неговото комбе. Меѓутоа, наместо тоа, нејзините родители, кои се криеле во задниот дел од комбето, ја соочуваат Џена со вистинска опасност. „Што ќе се случеше да не бевме ние, туку некои опасни луѓе? ја праша мајка ѝ.

Силна порака и реакции од јавноста

Овој радикален пристап предизвика големо внимание. Коби Персин рече дека родителите кои се согласиле на овој експеримент се херои бидејќи драстично помогнале да се крене свеста за оваа голема закана. Иако некои ги критикуваа родителите велејќи дека отишле предалеку, Персин смета дека тие ја направиле вистинската работа. „Мислам дека тие се херои“, рече тој.


Детскиот психолог Сузан Бартел го коментираше овој експеримент за „CBS“, велејќи дека видеото е важна алатка коешто родителите треба да го гледаат заедно со своите деца. „Ова може да му се случи на секого“, предупредува Бартел. „Правилото е јасно: никогаш не одете никаде сами со странец, без оглед на тоа колку внимание ви посветува“, вели Бартел.

Бартел ја потенцира важноста на отворената комуникација со децата и поставувањето јасни граници кога станува збор за безбедноста на интернет и социјалните медиуми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk