Психолог открива шест навики на родителите коишто можат да ја намалат анксиозноста кај децата

Точка

23/09/2024

17:21

2.715

Големина на фонт

а а а

Анксиозноста е состојба обележана со чувство на напнатост и загриженост, а покрај возрасните и децата можат да се соочат со неа. Поради тоа знаењето како да им се помогне на децата правилно да се справуваат со анксиозноста е клучно за нивниот емоционален развој и благосостојба, вели едукаторот за воспитување и психолог, Џејми Блош. Во својата нова објава на Инстаграм, таа потенцираше неколку начини на коишто родителите можат да им помогнат на децата во справувањето со анксиозноста.


Таа го советува следното:

Употребувајте техники на пренасочување – „Дадете им „смирувачки“ предмет како што е мек, плишено мече, и поттикнете ги да се фокусираат врз позитивно и пријатно чувство“, вели психологот.

Создадете смирувачка рутина – развијте, краток, смирувачки ритуал којшто можете заедно да го практикувате секогаш кога ќе се појави анксиозноста, како што се смирувачки песни или кратки приказни.

Поттикнете го развојот на самодовербата и самопочитта – „Употребувајте афирмации како што се „Безбеден сум“ или „Можат ова да го надминам“, и поттикнете ги децата да ги повторуваат овие фрази“, објаснува Блош.

Понудете физичка утеха – Прегрнете ги, држете ги за рака или седнете блиску до нив, понекогаш присуството на родителите може да биде доволно за утеха.


Одвлечете и пренасочете им го вниманието – „Предложете активност којашто вашите деца ја сакаат како што е: цртањето, играње на одредени игри или читањето книги. Понудете им поголем избор на активности за да почувствуваат дека имаат контрола врз ситуацијата“, советува психологот.

Создадете безбедно „катче“ во домот – Креирајте удобно „катче“ со смирувачки предмети како што се перничиња, ќебиња и омилени играчки каде што децата можат да „избегаат“ кога ќе се почувствуваат преоптоварени.

„Истражувањата за анксиозноста покажуваат децата чиишто родители страдаат од анксиозност имаат поголема веројатност дека и самите тие ќе се соочат со истиот проблем, како резултат на генетиката но и на факторите од околината. Поради тоа важно е развивањето на секојдневни навики како за децата така и за родителите. Кога управуваме со сопствената преоптовареност и анксиозност, ќе можеме на нашите деца да им пренесеме здрави вештини на управување со емоциите коишто ќе им помогнат во процесот на растењето“, објаснува психологот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk