Една од најелегантните бои се враќа оваа есен: Изгледа скапо, модерно и ги сокрива сите „недостатоци“

Точка

24/09/2024

20:18

2.638

Големина на фонт

а а а

Есента 2024 година, носи еден впечатлив тренд – бордо бојата се враќа во голем стил. Оваа длабока, богата нијанса на црвена боја, благодарение на брендот Гучи и неговиот креативен директор, Сабато Де Сарна, доминира со модата, правејќи ја оваа боја незаобиколен избор на сите оние коишто сакаат да бидат во „трендот“. Но, како најдобро да се вклопи бордо бојата во есенскиот стил?


Бордо бојата е особено сестрана којашто лесно се комбинира со црната, белата и сивата боја. За софистициран но и модерен изглед, се предлага комбинирање на бордо сукња или пантолони со црн џемпер или бел капут. Доколку пак сакате нешто посмело, бордо бојата одлично се вклопува со златни и сребрени детали, давајќи им поголем гламур на секојдневните комбинации.


Капутите, мантилите и јакните со бордо боја, стануваат вистински избор за ладните есенски денови. Бордо капутот од волна или кожната јакна можат да се носат со секојдневни комбинации како што се фармерки и џемпер, а притоа ќе изгледате елегантно со минимален труд. Доколку сте љубители на аксесоари, бордо чантите и чизмите, претставуваат одличен начин за внесување на оваа боја во вашиот стил, без потреба од потполно преуредување на гардероберот.

Оние пак коишто се подготвени потполно да се препуштат на овој тренд, им ги препорачуваме монохроматските комбинации. Фустан со бордо боја, во комбинација со соодветни чевли или чизми, ќе остави силен впечаток, додека истовремено ќе ја задржи елегантната едноставност. На овој „аутфит“ додадете му и борд кармин и вашиот изглед ќе биде комплетен.

Совети за носење на бордо бојата

За дневен изглед: Бордо сако или блејзер во комбинација со темни пантолони и чизми со „блок“ потпетици нудат совршен спој на лежерен и професионален стил.


За вечерни излегувања: Плиш фустани во бордо боја, во комбинација со златен накит и високи потпетици, гарантираат гламурозен изглед за секоја пригода.


За аксесоари: Доколку не сте сигурни дали во потполност да ѝ се препуштите на бордо бојата, започнете со деталите. Бордо чанта, шал или ракавици се идеален начин за внесување на оваа боја во вашата гардероба.


Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за помали детали или целосен бордо „аутфит“, оваа нијанса секако ќе го освежи вашиот стил и ќе направи да изгледате модерно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk