„Убавината не е во совршенството“: Сите ја знаат како „најгрдата актерка“ на светот, а стана модна икона и муза на многу уметници

Кармин

23/09/2024

13:15

3.599

Големина на фонт

а а а

Роси де Палма е позната шпанска актерка, позната по својот уметнички талент, како и по својот впечатлив изглед. Имено, според денешните стандарди, Роси е далеку од поимот „убавица“.

Но, таа со децении е горда на секој дел од своето тело и никогаш не размислила да коригира нешто на него. Токму оваа одлука ја направи светска ѕвезда.

Можеби при спомнувањето на името Роси де Палма нема да знаете за кого станува збор, но штом ќе го видите нејзиното лице веднаш ќе се сетите барем на еден филм во кој глуми. Роси во текот на животот не можеше баш да се пофали дека спаѓа во категоријата на жени по кои сите се вртат на улица, баш напротив. На крајот на краиштата, како тоа да е важно?


Без разлика на професијата со која се занимава, а во која владеат идеалите за убавина, Де Палма никогаш не сакала да го поправи своето лице со помош на пластична хирургија и да наликува на милионите убавици ширум светот. Благодарение на ова, таа стана позната актерка и доби многу карактерни улоги.

Стана муза на Алмодовар

Де Палма ја открил познатиот шпански режисер Педро Алмодовар. Тој ѝ доделуваше улога по улога во неговите култни филмови, а секако најзапазена беше онаа во црната комедија „Kika“.


Освен него, од апстрактната убавина на Де Палма се маѓепсани и светски познати модни дизајнери кои често ја ангажираат за модни ревии. Познатиот бренд „Christian Louboutin“ ѝ додели централна позиција во една од своите рекламни кампањи. Во соработка со козметичкиот гигант „MAC“, таа лансираше и своја линија за шминка, која беше инспирирана од големите уметници како Пабло Пикасо и апстрактната убавина.

Убавината не е во совршенство

Роси често зборуваше за својот изглед и убавина, која значително се разликува од конвенционалните стандарди. Нејзиното лице, кое е опишано како „кубистичко“ и „неправилно“, не секогаш се сметало за убаво во традиционална смисла.


Актерката изјави дека нејзиниот изглед е уникатен и отсекогаш го прифаќала со гордост. Таа додаде дека верува дека вистинската убавина доаѓа од внатрешната сила и автентичноста, а не од придржувањето до општествените стандарди. Шпанката често ја нагласува важноста на самодовербата и љубовта кон себе. Според нејзините зборови, убавината е во ставот, експресивноста и начинот на кој човекот се носи себеси, а не во симетријата или совршенството на лицето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk