Дали знаете колкава може да биде тежината на просечниот училиштен ранец? Со помош на овие шест совети за правилно пакување ќе го заштитите грбот на вашите деца

Точка

27/09/2024

20:58

10.043

Големина на фонт

а а а

Училишните денови одамна започнаа, а најмалите ученици покрај товарот од учењето се соочуваат и со товарот од тежината на нивните училишни ранци.

Додека на родителите им изгледа дека пакувањето на ранецот е природна и едноставна работа за најмалите тоа сигурно не е така. Тешките училишни ранци отсекогаш претставувале проблем, со оглед на тоа дека покрај книгите и тетратките, учениците мораат да носат и спортска опрема, прибор за ликовно, како и ужинка.


Но постојат неколку трикови коишто ќе ви помогнат да ги олесните маките на вашите најмали и да им помогнете попрактично да го спакуваат својот ранец.

Колкава треба да биде тежината на еден училиштен ранец?

Општите медицински препораки сугерираат дека учениците не би требало да носат повеќе од 10 до 12% од својата телесна тежина. За ученик од прво одделение којшто има 30 килограми, тоа значи дека неговиот ранец треба да тежи од 3 до 3,6 килограми.


Особено е важно да се има предвид фактот дека многу ранци тежат еден килограм и кога се празни.Од друга страна пак, индивидуалната отпорност на детскиот грб варира. Доколу училишниот ранец е правилно спакуван, тоа ќе придонесе кон еднаква прераспределба на тежината и на тој начин ќе ги спречи болките во грбот и лошото држење на телото на детето.

Совети за правилно пакување на училишниот ранец:


Прашајте го детето што навистина му е потребно.

Потешките и поголемите работи се ставаат први во ранецот.

Тетратките со помал формат и несесерот за прибор се ставаат на крајот.

Употребувајте ги страничните џебови, каде што можат да се стават шишето со вода или ужинката.

Секогаш пред детето да тргне на училиште,треба да проверите дали е ранецот правилно поставен на рамениците на детето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk