Поврзаноста меѓу женскиот оргазам и пиењето кафе е честа тема на социјалните медиуми, а австралиската блогерка Надија Бокоди, која пишува на теми поврзани со сексот, тврди дека оваа утринска напивка навистина делува.
Таа вели дека еспресото, покрај тоа што ја буди наутро, ѝ помага побргу да доживее оргазам за време на сексуалните односи или додека користи сексуални играчки.
„Пиев двојно еспресо пред да почнам да го користам мојот вибратор оваа недела. Дозволете ми да ви објаснам зошто…“, вели таа.
Откако го испробала овој трик на самата себе, таа ги советува и другите жени да почнат да го практикуваат ако сакаат поголемо задоволство во спалната соба.
Овој тренд го започна ТикТок корисничката @cupofalexx_official, која објави видео во кое тврди дека шолја кафе го зголемува оргазмот за педесет проценти.
Наскоро, многу други тиктокери ѝ се приклучија и се согласија со неа во нејзините изјави.
Иако науката не се занимава со ова, сепак е важно да се знае дека кофеинот е вазодилататор, што всушност значи дека предизвикува проширување на крвните садови и на тој начин овозможува повеќе крв да тече низ нив. Затоа луѓето пијат кафе кога чувствуваат дека им треба помош при будење.
„Не беше некое вонтелесно искуство, но мојот оргазам беше многу поинтензивен од вообичаено“, заклучила Бокоди.
Сепак, нема конкретно истражување за тоа дали ефектот на кафето има некаква врска со гениталиите.
Гинекологот од Мелбурн, д-р Џозеф Сгрои, ѝ рекол на Бокоди дека идејата не е целосно исклучена, иако тој мисли дека користа од кофеинот во сексот веројатно би била многу мала.
„Интересно е што ефектот на кофеинот врз крвните садови варира. Крвните садови во мозокот и белите дробови имаат тенденција да се стеснуваат, додека оние во стомакот се шират. Додадете го тоа на ефектот врз мозокот како стимуланс и би можеле да почувствувате подобрување во вашите оргазми“, објаснил д-р Сгрои.