Данците пресметале колку време пред екран се смета за безбедно кај децата во оваа возраст

Кармин

22/07/2024

14:00

7.328

Големина на фонт

а а а

Помалку време пред екран значи помалку лошо однесување. Во рок од само две недели, родителите би можеле да забележат значителни подобрувања во менталното здравје и однесувањето на нивните деца доколку почнат да поминуваат само три часа неделно пред екраните, покажува новото истражување објавено во „JAMA Network Open“.

Децата поминуваат во просек од седум до осум часа дневно пред екраните за забава. Меѓутоа, кога децата драстично ќе го намалат времето поминато пред екран, тие покажуваат значителни подобрувања во општото однесување и емоционалната благосостојба.


Истражувачите од Универзитетот во Јужна Данска анализирале податоци собрани од 89 семејства со 181 деца и адолесценти на возраст меѓу 4 и 17 години.

Од половина од семејствата било побарано да го ограничат слободното време пред екраните на нивните деца на не повеќе од три часа неделно, што е голема промена од просечните седум до осум часа дневно. Оние кои го сториле тоа тврдат дека нивните деца подобро реагираат на емоциите и стресот и дека нивното социјално однесување е подобрено.


Со други зборови, намалувањето на времето поминато на екранот им помогнало на децата подобро да ги процесираат своите емоции и да ги подобрат своите социјални интеракции.

Екраните го зголемуваат ризикот од невро-развојни нарушувања

Претходните истражувања, објавени во списанието „JAMA Pediatrics“, покажаа дека на децата треба да им се забранува да поминуваат пред екранот до тригодишна возраст, бидејќи тоа може да доведе до доцнење во развојот. Истражувачите од Универзитетот Дрексел открија дека бебињата и малите деца кои гледаат екрани имаат поголема веројатност да покажат атипични сетилни однесувања поврзани со невроразвојни нарушувања, како што се аутизмот и нарушувањето на вниманието/хиперактивноста (АДХД).


Истражувачите, исто така, откриле дека времето кое на бебињата им е дозволено да го поминуваат пред екран директно влијае на нивниот развој. Секој час дневно поминување на екранот ја зголемуваше шансата на детето да доживее сензорни проблеми за 23% на 18 месеци, но истата паѓа на 20% на 24 месечна возраст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk