Вака изгледала Мерилин Монро без грам шминка и сите велат дека оваа пејачка е нејзина реинкарнација: „Како пресликани се“

Кармин

25/06/2024

16:30

9.489

Големина на фонт

а а а

Кога би се бирала најубавата жена од јавната сцена, во историјата, големи се шансите во тој избор да победи Мерилин Монро.

Несекојдневната убавица чие вистинско име гласи Норма Џин Мортенсон ја започнала својата кариера во 1945 година. Нејзината приказна заврши во 1962 година кога беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лос Анџелес. Смртта на познатата актерка и денес е голема мистерија, додека нејзината титула на икона на убавината останува силна како и пред 8 децении бидејќи набрзо откако се појави на јавната сцена, беше прогласена за неприкосновена убавица.


Интригантната Мерилин Монро пленеше со својата убавина. Иконата на поп-културата беше најплатената актерка во светот за целата деценија, а нејзините филмови заработија 200 милиони долари (што во 2022 година би изнесувало 2 милијарди долари).

„Gentlemen Prefer Blondes“, „The Seven Year Itch“, „How to Marry a Millionaire“, „Some Like It Hot“, „Niagara“ - тие филмски наслови го доловија нејзиниот раскошен талент кој често ѝ го оспоруваа, истакнувајќи ја единствено нејзината убавина во прв план. Но, Мерилин беше надарена актерка и вистинска ѕвезда.


Поради сето она што го постигна во кариерата и поради влијанието кое го имаше врз светската публика, таа и денес го буди интересот на јавноста. И поради нејзините улоги и поради нејзиниот изглед, па така голем интерес предизвика видеото на кое се гледа како изгледа познатата Монро без шминка.

„Најубавата жена во историјата, и тука нема расправа“, „Убава и без шминка и со шминка“, „Најубавата жена некогаш“, се дел од коментарите, а многумина ја истакнале нејзината сличност со Бритни Спирс.


„Ја гледам Мерилин, ја гледам Бритни Спирс“, „Исти се, како пресликани“, „Колку личи на Бритни Спирс“.

И претходно пејачката ја споредуваа со познатата Мерилин, а имало и коментари дека музичката ѕвезда е реинкарнација на познатата актерка која исто така се занимавала со пеење.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk