Со години внесува најмногу 1.200 калории дневно! Планот за исхрана на Том Круз во 61-та година ги шокира луѓето: Тој е екстремно ригорозен, но затоа во подобра форма од двојно помладите колеги

Кармин

17/06/2024

17:31

4.781

Големина на фонт

а а а

Том Круз важи за еден од најпопуларните холивудски актери, а иако е во седмата деценија и понатаму е во одлична форма. Многумина се прашуваат, како му поаѓа тоа од рака?

Голем број од луѓето се согласни дека за Том Круз времето е застанато и се изненадени како толку лесно изведува каскадерски сцени на филмските сетови на 61-годишна возраст.

Познато е дека Том Круз води сметка за тоа што јаде, како и дека практикува посебен режим на исхрана, а покрај тоа и редовно вежба.


Како се храни Том Круз?

Актерот во целосност избегнува пржена храна. Тој консумира само храна која се подготвува на ниска температура бидејќи храната приготвена на високи температури може да влијае на хроничното воспаление на ткивото и да го забрза стареењето.

На луѓето над 50 години инаку им се препорачува да јадат храна како лосос, темно чоколадо, сиров овес, цвекло, брокула, маслиново масло, домати и спанаќ кои го забавуваат процесот на стареење.

Том Круз избегнува јаглехидрати

Холивудскиот заводник има детален план за исхрана кој не вклучува внес на јаглехидрати. Дневно троши 1.200 калории без јаглехидрати, а само поради една причина – овие хранливи материи влијаат на процесот на стареење.


Во минатогодишното интервју за фитнес магазинот „Men’s Health, Том Круз ги открил своите навики во исхраната, секојдневната рутина за вежбање и зависноста од адреналин во каскадерските сцени кои сè уште ги изведува без помош на дублери.

Јаде здрави грицки

Кога е на снимање тој нема време за обилни оброци, па се осврнува кон здравите грицки. Најмногу сака да јаде боровинки и јаткасти плодови како ореви и бадеми, но обожува и урми.


Не јаде слатки и шеќер

Шеќерот и слатките се целосно забранети за Том Круз. Истражувањата покажуваат дека шеќерот може да го забрза стареењето и да го забави производството на колаген, кој дава еластичност и цврстина на кожата, коските и тетивите.

Прави различни вежби


„Никогаш не ги повторувам истите вежби во долг циклус, бидејќи мозокот треба постојано да се стимулира со промени за телото да остане во топ форма. Затоа моите вежби и активности се многу различни, а освен тренинзите во теретана, тие вклучуваат и бројни активности на отворено. Бидејќи, не е исто доколку трчате на подвижна лента, каде што секој чекор е предвидлив, штом се навикнете на брзината, искачувањето и другите дадени елементи, без разлика колку ги има или доколку го правите тоа во природа, на нерамен терен кој не го познавате и морате да внимавате на секој чекор“, објаснил познатиот актер кој инаку ужива во тренирање со меч, возење кајак, кревање тегови, скокање со падобран …



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk