Ова беше едно од омилените јадења на прицезата Дајана, Балканците го обожаваат

Точка

27/06/2024

13:21

2.587

Големина на фонт

а а а

Британското кралско семејство отсекогаш привлекувало големо светско внимание, особено принцезата Дијана, која на многумина им беше омилен член на кралското семејство.

Иако беше принцеза, беше многу едноставна во се, дури и кога станува збор за храната, а кралскиот готвач откри кое јадење и е омилено – тоа се полнети пиперки.


Обожавала да го јаде ова едноставно јадење неколку пати неделно во палатата Кенсингтон во Лондон, каде што живеела, а го открил Дарен Мекгрејди, кој бил нејзин личен готвач во последните четири години од животот. Тој претходно стекнал кралско кулинарско искуство како готвач на кралицата Елизабета Втора, за која готвел 11 години.

Мекгрејди потсети дека ја презел кралската кујна кога принцезата Дијана веќе се опоравила од нарушувањата во исхраната. Сакала да остане здрава, па се свртела кон правилна исхрана и вежбање.


Сезона на пиперки е започната, па затоа искористете ги максимално. Ако не знаете што да приготвите за ручек, наполнете пиперки!

Денес, ви предлагаме летен рецепт за полнети пиперки.

Состојки:

1 пиперка

1/2 тиквичка

1 грст ориз

2 печурки

2 лажици зачинет сос од домати

малку моцарела

малку пармезан


Подготовка:

Исечете ја пиперката на половина и исчистете ја. Премачкајте ја со маслиново масло и ставете ја во рерна да се пече. Во меѓувреме направете го филот од зеленчук.

Во тавче пропржете ги тиквичките исечкани на коцки, додадете неколку исечкани печурки и прелијте ги со доматниот сос. По неколку минути додадете пармезан, моцарела и варен ориз.

Кога ќе се испече пиперката, наполнете ја со филот и одозгора наросете пармезан. Вратете ја во рерна малку да порумени. Послужете така што на чинија врз пиперката ќе истурете малку топол доматен сос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk