Семејството е најголемиот столб и потпора на секој човек. Личностите кои безрезервно нè сакаат и кои се со нас во добро и во зло секогаш ја заслужуваат нашата љубов.
Една млада трудница сакала да му се заблагодари на очувот за неговата грижа која ѝ ја пружал, а видеото кое го објавила го трогна целиот свет.
Имено, Кирсти Нелсон во мај на свет донела момче. Таа се одлучила за името кое ќе му го даде, или барем така им го претставила на мајка ѝ и очувот за да ѝ успее изненадувањето. Во видеото објавено на ТикТок се гледа како Кирсти лежи во болничкиот кревет по породувањето, а нејзиниот очув грижливо ѝ приоѓа за да провери дали сè поминало во ред. Емоциите не можат да се сокријат на неговото лице, а во еден момент ѝ ја бакнува раката и нежно ја допира, велејќи ѝ дека сè е добро.
„Кога ќе му кажете на вашиот очув дека го нарековте вашиот син по него“, стои во описот на видеото.
Реакцијата на очувот кога дознал дека бебето го добило името токму по него е нешто што го разнежи целиот свет. Човекот и девојката не можеле да ги задржат солзите, следела бура од емоции кои не можеле да ја контролираат.