Родители, сè зависи од вас: Овие пет спомени од детството влијаат на развојот на детето

Кармин

22/06/2024

17:00

8.210

Големина на фонт

а а а

Семејната терапевтка и мајка на три деца Керол Ким неодамна сподели неколку совети за родителство.

На социјалната мрежа Инстаграм таа навела „пет работи кои децата ќе ги паметат од детството“, а интересно е што тие не се поврзани со материјалното богатство.

Во продолжение ви ги пренесуваме нејзините зборови:

Квалитетно време поминато заедно

„Одвојувањето време да се фокусирате само на вашето дете е посебно. Играњето друштвени игри, читањето книги или само разговор може да создаде среќни спомени на детството. Тие моменти му покажуваат на вашето дете дека сте присутни“.


Зборови на охрабрување

„Охрабрувачките зборови можат да имаат влијание врз вашето дете. Децата често бараат одобрување од нивните родители, а вашите позитивни зборови можат да ги мотивираат. Тие можат да им помогнат на децата да веруваат во себе, давајќи им самодоверба за прифаќање на нови предизвици“.

Семејна традиција

„Тоа создава чувство на стабилност и заедништво. Семејните традиции прават децата да се чувствуваат како да припаѓаат и се дел од поголема приказна, продлабочувајќи го нивното чувство на сигурност и разбирање на семејниот идентитет и вредности“.


Добри дела

„Гледањето и правењето добри дела остава силен впечаток кај децата. Тоа им покажува колку е важно да се биде љубезен и грижлив. Ќе го паметат доброто чувство кога им помагаат на другите луѓе“.

Пружање утеха во тешките времиња

„Многу е важно да му давате поддршка на вашето дете кога е болно, кога се плаши или кога е вознемирено. Вашето присуство во овие клучни моменти ќе влијае на неговиот развој на личноста“, вели Керол.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk