Домашниот чизкејк сладолед е нешто највкусно што ќе го пробате ова лето, а се подготвува лесно и брзо

Кармин

24/06/2024

14:00

7.297

Големина на фонт

а а а

Потребата истовремено да се засладиме и разладиме во врелите летни денови најчесто ја задоволуваме со порција сладолед.

Изборот во продавниците е ограничен, а постојаното повторување на истите вкусови понекогаш може да стане здодевно.

Домашниот чизкејк сладолед ги комбинира зборовите „освежително“ и „кремасто“ во еден залак, а со овој едноставен рецепт ќе стане вашиот омилен летен десерт!

Потребни состојки:

- 350 гр. слатко кондензирано млеко
- 250 гр. маскарпоне сирење
- 100-150 гр. мелен кекс по избор
- 100 гр. малини (свежи или замрзнати)
- 200 мл. слатка павлака
- неколку лажици џем од малина (или згответе на тивок оган 200 гр. малини со 70 мл. вода, 2 лажици шеќер и 1 лажица густин додека не добиете густа смеса)
- по желба малку рендано бело чоколадо


Подготовка:

1. Накратко изматете го маскарпоне сирењето и кондензираното млеко додека убаво не се соединат.

2. Посебно изматете ја слатката павлака, но внимавајте да не биде премногу цврста.

3. Соединете ги двете смеси и добро измешајте ги. Додадете ситно искршен или мелен кекс, малку рендано бело чоколадо и сè убаво измешајте.

4. Во сад подготвен за сладолед ставете 1/3 од смесата, убаво распоредете, па прелијте со 1-2 лажички џем (претходно растопен на пареа) и со стапче со кружни движења поминете низ смесата.

5. Одозгора ставете 6-7 сечкани малини и посипете со една лажица мелен кекс. Постапката повторувајте ја сè додека имате фил.

6. Оставете да се излади најмалку 3 часа, па сервирајте по желба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk