„Еве што се случува во главата на детето кога мајката го тепа“: Рускиот психолог објаснил и откако ќе ги прочитаме овие зборови нема да ни е сеедно

Кармин

10/05/2024

15:29

18.783

Големина на фонт

а а а

Доколку поради некоја причина сè уште не ви е јасно зошто не треба да ги удирате децата, еве ја клучната причина зошто тоа никако не би смееле да го правите.

Кога сме под стрес – на пример, ни се закануваат, нè малтретираат ил физички сме повредени – група на таканаречени глукокортикоидни хормони се ослободуваат во крвта. Тоа се „хормоните на стрес“ кои се одговорни за одговорот „бори се или бегај“ на напад.

Но, овој процес е доста сложен и трудоинтензивен за телото. Затоа, кај децата во присуство на родителите (особено мајката), овие хормони не се ослободуваат во крвта. На овој начин природата го штити телото на детето во развој од дополнителен стрес.


Доколку самиот родител стане извор на стрес, тогаш до одредена возраст детето физиолошки не го доживува насилството врз себе како нешто опасно. Со други зборови, нема стрес, нему тоа му е нормално, нешто што така треба да биде.

Што мислите, во каква личност ќе порасне доколку од детството, на физиолошко ниво, верува дека насилството и агресијата се сосема нормални?

Како ќе се однесуваат со своите деца? Што ќе прават во случај на реална закана веќе во зрелоста?

Одговарајќи од психолошка, а не од физиолошка гледна точка. Тука има две сценарија: детето ќе стане агресор или жртва. Значи: удирањето на децата значи и креирање на нивната судбина.


Затоа, најдете сила да признаете дека нешто тука не е во ред и посетете специјалист за да ви помогне доколку чувствувате потреба да го тепате своето дете. Можно е и вие самите да сте биле малтретирани како дете, а овој патерн едноставно не можете да го скршите без помош од психолог.

Ова е многу сериозна и многу важна тема и искрено се надеваме дека порано или подоцна семејното насилство ќе престане да биде табу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk