Се зборувало дека разводот тешко ѝ паднал, а потоа сите ги изненадила шетајќи со човекот кој Костнер и тоа како добро го познава.
Поранешната сопруга на Кевин Костнер, Кристин, била фотографирана во текот на прошетката со своето ново момче Џош Конор. Уште во јануари се шпекулирало дека тие се во врска, а сега повеќе не се трудат да го скријат тој факт.
Кристин (50) била забележана како се држи за рака со финансиерот Конор во текот на релаксирачката прошетка во Санта Барбара во Калифорнија. И, тоа не би било ништо чудно доколку тој не е долгогодишен пријател и поранешен сосед на разведениот пар.
За „People“ извор во јануари изјавил дека Кристин и Конор се забавуваат со месеци, а потоа пријателот на Кристин изјавил дека парот се гледа „откако таа се разделила од Кевин“.
Кристин го поднесе барањето за развод на 1 мај 2023 година, после 18 години брак со Кевин (69). Кога го поднела барањето за развод, го навела нивниот датум за развод како 11 април.
Тие двајца пред тоа биле забележани како заедно го поминуваат времето на Хаваи во текот на јули 2023 година. На тоа патување биле и нивните деца.
Kevin Costner ‘had strong suspicions his ex-wife was dating their former neighbour’ Really? What could #ChristineCostner be going through? He treated her like $1 million he gave her everything he gave her a few beautiful kids she didn’t want for anything. https://t.co/7r5aG9CHtd
— Beth (@BethStoss) January 26, 2024
„Џош на почеток беше само пријател, Кристин сакаше да се дружи со него“, изјавил инсајдер за „People“ во јануари, па додал:
„Тој е разведен татко и разбира низ што таа поминала. И двајцата го сакаат океанот и животот на плажа. Тоа е нешто што Кристин ја прави среќна“.
Адвокатот на Кристин, Џон Рајдел, ги отфрлил гласините за романсата меѓу Кристин и Конор во текот на сослушувањето за алиментација за деца во август 2023 година во текот на нејзиниот развод од Кевин. Тогаш Рајдел изјавил дека Конор бил пријател „и ништо повеќе од тоа“.
Друг извор поврзан со семејството Костнер изјавил дека Кристин и Конор се забавуваат иако пред тоа имале само добро пријателство и додал дека парот е на исто место со нивните животи.
„Заедно многу се забавуваат“, изјавил тогаш изворот.
Кевин и Кристин официјално го завршија својот развод. Поранешниот пар по повеќемесечен правен спор го завршил разводот во септември 2023 година.
Режисерот и актер изјавил дека дошле до пријателско и обострано договорено решение на сите прашања кои се поврзани со нивната бракоразводна постапка.