Одлични трикови за „оживување“ на растенијата кои почнале да венеат: Сѐ што ви е потребно веќе го имате дома

Кармин

23/04/2024

14:20

9.341

Големина на фонт

а а а

На почеток, важно е да ја утврдите состојбата на самото растение. Суви или свенати лисја, тоа може да биде дел од природниот процес, така што треба да бидете добро информирани за животниот циклус и општите промени.

Сувите лисја не се нужно знак на умирање на растението. Важно е да се провери состојбата на коренот и стеблото. Доколку имаат флексибилност, а стеблото е зеленкасто, тогаш ќе може да ги сочувате растенијата и тоа е добар знак дека моментално ништо не недостасува.

Потоа потребно е да се отстранат скапаните делови од растенијата и коренот за растенијата да можат да ја обноват енергијата.

Исечете ги овенатите лисја затоа што од нив ќе пораснат нови. Доколку забележите екстремна сувост, пронајдете место каде ќе може да постигнете поголемо ниво на влага.


Бањата може да биде добар избор за тоа. Исчистете ги лисјата со влажен сунѓер. Запаметете, иако растението е жедно, не е добро веднаш да претерате со количината на течност која ќе му ја дадете. Наместо тоа, ви пренесуваме неколку рецепти како да го „нахраните“ растението и да ја подобрите неговата состојба.

За помош на растението кое ја изгубило моќта на коренот, корисно е да користите кора од банана која е богата со калиум, благодарение на која ќе ја зголеми отпорноста на болести. Рецептот е едноставен, исечкајте ја кората за побрзо да се исуши, но може да ја користите и додека е свежа.

Потоа закопајте ја во близина на коренот и покријте ја со земја за да спречите нејзино сушење и да овозможите хранливите материи од коренот полека да се ослободуваат во земјата. Не заборавајте редовно да го полевате растението затоа што тоа поттикнува разложување на кората и ослободување на хранливите материи во земјата.


Доколку сакате да го подобрите растот на растението, истовремено нахранете ги и отстранете ги сувите делови, а решението се наоѓа во квасецот којшто содржи микроорганизми потребни за поттикнување на распаѓање на органските материи во земјиштето.

За растворот којшто ќе ги наводните растенијата доволно е да помешате сув квасец со вода, а најдобар однос е една супена лажица на литар вода.

Овие едноставни трикови ќе ви помогнат вашите омилени растенија да закрепнат во текот на овие променливи временски периоди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk