Доколку сакате вашите хортензии да имаат што повеќе цветови на подолг временски период, тогаш проверете дали ги правите следните грешки.
Хортензиите спаѓаат во омиленото пролетно цвеќе, а станува збор за род којшто го сочинуваат 70 до 75 цветници, но некои веруваат дека ги има уште повеќе.
Овој цвет потекнува од Азија, Северна и Јужна Америка, а денес ја има најголемата разновидност на територијата на Кина, Јапонија и Кореја.
Експерт за градинарство и основач на порталот „The Gardening Fix“, Бен Хилтон, вели дека главно станува збор за три чести грешки кои луѓето ги прават при одгледувањето хортензии.
Режењето на пупките се смета за многу важно за хортензиите затоа што ги спречува да станат дрвенести и ја канализира енергијата на растението во обилно цветање и раст. Меѓутоа, како што истакнува Хилтон, „најскапата грешка“ е режење во погрешно доба од годината и отстранување на пупките.
Видовите Hydrangea macrophylla и quercifolia треба да се режат непосредно после цветањето, додека пак Hydrangea paniculate и arborescent можат подоцна во текот на зимата или во рана пролет.
Додека прекумерното наводнување на хортензиите го забавува нивниот раст и произведување цветови, тоа не значи дека можете да ги запоставите. Потребно е константно ниво на влажност за да цветаат бујно.
Некои од знаците дека премалку ги наводнувате хортензиите се наведнати листови, тло суво на допир.
Хилтон препорачува хортензиите да ги наводнувате двапати неделно.
Како што објаснува Хилтон, често pH вредноста на тлото е несоодветна, што ја ограничува способноста на растенијата да ги апсорбира хранливите материи ефикасно и потоа ги транспортира околу самото растение.
Пожелно е хортензиите да бидат засадени во благо-кисело земјиште, со pH меѓу 5,2 и 6,2.