5 овошја кои имаат најмалку јаглeхидрати: Идеални се за вашата диета

Точка

04/04/2024

19:46

7.814

Големина на фонт

а а а

Овошјето е полно со шеќери, тоа не ви иде во прилог ако сакате да ја намалите вашата тежина. Во продолжение ќе прочитате кои овошја имаат најмалку јаглени хидрати.

Сите знаеме дека овошјето е здраво поради тоа што е полно со витамини и минерали, и веруваме дека за разлика од слатките не треба да го ограничуваме неговото јадење. Но тоа не е вистина! Шеќерот кој се наоѓа во овошјето брзо го апсорбирате во устата и значително го зголемува нивото на гликоза во крвта. Затоа е важно кога сте на диета да знаете да го изберете правилното овошје кое ќе ви помогне во слабеењето, а тоа е овошјето со најмалку јаглени хидрати.


Јагоди

Тие можат да се јадат во овошна салата, како десерт со грчки јогурт или да се пие во смути. Покрај својот добар вкус, јагодите со полни со хранливи материи. Содржат повеќе витамин Ц од портокалот, железо и калциум кои ги зајакнуваат коските. Големото количество на влакна ја подобрува перисталтиката на цревата и помага против запек. Јагодите содржат и елегична киселина, тоа е антиоксиданс кој го зајакнува имунолошкиот систем.

Нивната калорична содржина е многу мала – 100 гр содржат само 32 калории, вклучувајќи 7,68 гр јаглени хидрати.


Малини

Ова овошје е на прво место кое го препорачуваат експертите за борба против килограмите. Тие имаат одличен вкус, совршени се за диета дури и за тие кои не можат да кажат не на слатките. Во малините ќе најдете не само витамините Ц и Е, туку и минералите како што се калциум, калиум, фосфор, магнезиум и железо. Нивните делотворни својства се познати веќе илјадници години, како што се намалувањето на воспалението и покачената температура кај болните од грип или настинка. Освен тоа тие го намалуваат крвниот притисок, зајакнуваат срцето и имаат антисклеротични својства благодарение на калциумот, магнезиумот и калиумот.

Ако се грижите за вашата фигура, не мора да се мислите повеќе – 100 гр малини имаат само 52 калории, вклучувајќи 11,94 гр јаглени хидрати.


Лубеница

Лубеницата е позната по тоа дека ја гаси жедта! Цитрулинот кој го има во црвениот дел од лубеницата поттикнува регенерација на телото после напорното вежбање. Благодарение на аргининот, кој делува како афродизијак и ефикасно го зголемува либидото. Освен тоа, лубеницата го надминува доматот во количеството на антиоксидансот ликопен, кој го намалува ризикот на срцев удар и развојот на ракот.

И што е најважно, 100 гр лубеница има само 37 калории, вклучувајќи 8,4 гр јаглени хидрати.


Цитрон

Тој го забрзува метаболизмот и има малку калории. Поради нискиот гликемиски индекс е препорачан за личности со дијабетес. Пулпата на еден цитрон не обезбедува со повеќе витамин Ц него дневната препорачана доза, како и третина од препорачаната доза од бета-каротен. Многу истражувања покажаа дека цитронот има корисен ефект врз срцето – го намалува нивото на холестерол и крвниот притисок.

Доколку сте на диета, тогаш треба да знаете дека 100 гр од ова вкусно овошје има 42 калории, вклучувајќи 10,66 гр јаглени хидрати.


Диња

Ако не знаевте, дињата припаѓа во родот на краставиците. Таа гаси жед, намалува ризик од натрупување на атеросклеротичен плак и го регулира крвниот притисок. Таа е извор на бета-каротен, односно провитамин А и калиум. Покрај тоа, таа е многу нискокалорична, бидејќи 90 проценти од дињата се состои од вода.

Ако сте загрижени за тежината, знајте дека 100 гр од ова овошје содржи само 34 калории, вклучувајќи 8,16 гр јаглени хидрати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk