[ФОТО] Синот на Анџелина Џоли во вознемирувачка состојба по забавата со стриптизети: Неодамна замалку ќе го загубел животот, а сега прави хаос

Кармин

03/06/2025

10:05

4.430

Големина на фонт

а а а

Пакс Џоли-Пит (21), синот на познатата актерска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит, беше виден во многу загрижувачка состојба за време на викендот во Лос Анџелес, по бурната ноќ помината во познатиот хотел „Шато Мармонт“.

Како што објавува „Дејли мејл“, Пакс бил видливо дезориентиран и нестабилен кога го напуштил хотелот, а пријателите морале да му помогнат да оди и да остане на нозе. Очевидци наведуваат дека изгледал како едвај да може да ја одржи рамнотежата, додека го држеле за да не падне.

Облечен во црна маица и беж панталони, младото момче се сопнало додека одело по тротоарот. Во друштво на четири девојки и еден маж, групата потоа посетила локален стриптиз клуб. Таму, Пакс ја покажал својата лична карта и поминал низ обезбедувањето пред да влезе внатре. Тие останале околу 30 минути, а забавата завршила во 2:30 часот наутро.

Една од девојките од забавата биле видена како го држи Пакс за рака и се обидувала да го скрие лицето од фотографите, а и остатокот од придружбата се обидувала да ги избегне камерите.

Иако Пакс изгледл насмеано, глетката предизвика загриженост кај обожавателите и јавноста за неговата општа состојба и однесување.

Оваа не толку одлична ноќ доаѓа по тешките години низ кои помина Пакс. Во јули 2023 година, тој доживеа сериозна несреќа на електричен велосипед кога удри во автомобил без кацига. Тој претрпе повреда на главата, а сведоците на почетокот мислеле дека станува збор за фатален судир. Потоа, според извештаите, тој претрпе „сложена траума“ и помина низ тежок период на закрепнување.

Само неколку месеци подоцна, во јануари 2024 година, тој доживеа уште една несреќа – повторно на електричен велосипед и возење без раце во Холивуд. За среќа, тогаш не беше сериозно повреден.

Да потсетиме, Пакс имаше само 12 години кога семејството почнало да се распаѓа. Во 2016 година, Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред Пит, започнувајќи повеќегодишна правна битка за старателство и имот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk