[ФОТО/ВИДЕО] Новиот изглед на познатата убавица воодушеви: Природна во парче облека кое сите го обожуваме

Точка

04/06/2025

14:44

1.744

Големина на фонт

а а а

Бела Хадид се појави во Лондон во лежерна, впечатлива модна комбинација, а вниманието го привлече и со природно издание.

Таа неодамна го промени својот имиџ и стана русокоса, што ги воодушеви милионите обожаватели, а очигледно дека и нејзе ѝ се допаѓа новата фризура, со оглед на тоа дека речиси секојдневно ја гледаме насмеана, додека некогаш важеше за „ледена инфлуенсерка“.


Исто така, знаеме дека таа обожава да комбинира ретро и модерни детали, што покажа со нејзиното појавување во Лондон, кога објави видеоснимка во сино-бел долг фустан со V-изрез кој наликува на кошула.


Исто така, носеше очила за сонце, а шминката ѝ беше минималистичка и совршено се вклопи со нејзината долга, руса коса и лежерна фризура.

Видеото го објави на нејзиниот ТикТок профил и покажа како го нанесува парфемот од нејзиниот бренд „Orebella“, кој не содржи алкохол, туку само природни состојки.


Бела ги воодушеви своите следбеници со својата убавина и стајлинг, но и со имиџот, а нејзините обожаватели ѝ упатија бројни комплименти: „Толку си кул“, „Многу си убава“, „Знае дека е икона“, Кралица“…


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk