Ако некогаш сте биле разочарани од вкусот и структурата при повторно загревање на остатоците од пица, тогаш овој едноставен трик е за вас.
Имено, готвачот Дом Мелиер сподели трик што ќе ви помогне вашата пица да има подеднакво добар вкус по повторното загревање. Тој вели дека ова е единствениот начин кората да остане крцкава, а кашкавалот и другите состојки да бидат сочни.
Мелиер вели дека најдобро е да се користи тава и шпорет наместо чинија и микробранова печка.
„Земете го вашето парче пица и земете голема тава со капак и загрејте ја“, рекол тој.
Тој објасни дека вообичаениот метод на загревање во микробранова печка не функционира бидејќи пицата останува цврста, а загревањето во рерна исто така не помага бидејќи станува премногу крцкава.
Неговиот метод вклучува загревање на тавата, а потоа ставање едно парче внатре без масло или путер.
По загревање од 30 секунди до една минута, истурете мала количина вода во тавата и намалете ја температурата. Потоа, ќе го ставите капакот на тавата и ќе оставите сè да се топли на пареа.
Ако ја оставите пицата уште три или четири минути, кашкавалот треба да стане прекрасно леплив, давајќи ѝ вкус на свежина на пицата како во ресторан. Овој трик не е толку брз како микробрановата печка, но дефинитивно е најдобриот начин за повторно загревање на остатоцте од пицата.