Бени Бланко и Селена Гомез можеби ги кријат во тајна плановите за венчавката, но продуцентот не ја крие својата желба да стане татко. Во неодамнешното интервју за „InStyle“, Бени рекол дека веќе размислува за основање семејство. „Ги обожавам децата, сакам што сум вујко. Сакам да бидам татко, ако даде Бог“, признал тој. „Сонувам и се молам секој ден“.
Гомез претходно отворено зборуваше за тоа дека не може сама да има дете поради здравствени компликации. Во интервју за „Vanity Fair“, таа откри: „Никогаш не сум го кажала ова, но за жал не можам да имам свои деца. Имам многу здравствени проблеми што би го загрозиле мојот живот и животот на бебето. Морав да го преболам тоа“.
Селена, исто така, живее со лупус, автоимуна болест поради која мораше да се подложи на трансплантација на бубрег во 2017 година, како и со биполарно растројство, кое го контролира со лекови. Во 2022 година, таа за „Rolling Stone“ изјави дека лековите што ги зема можат да ја направат бременоста ризична, но нејзиниот сон да стане мајка не се променил. „Јас сум една од тие луѓе“, говорела таа за желбата за деца.
„Возбудена сум бидејќи размислувам каков ќе биде тој пат, но ќе биде малку поинаков“, додала таа. „На крајот на краиштата, не ми е гајле. Ќе биде мое дете. Ќе биде мое бебе.“ Посвојувањето и сурогат мајчинството се исто така опции што ги разгледува – нејзината мајка е посвоена, а таа го нарекува тоа благослов во нивното семејство.
Што и да се случи, тие имаат совршено место да ја започнат својата мала заедница. На почетокот на годината, парот веќе потрошил 35 милиони долари за огромна куќа во шпански стил во Беверли Хилс, која Бени внимателно ја исполнува со „креативност и срце“. „Сакам да ја направам куќата моја“, зборувал тој. „Мразам кога ќе влезеш во нечија куќа и ќе помислиш: ’Леле, изгледа како никој да не живее тука!‘ Не сакам да се плашам да седнам на нешто.“
Во истото интервју, Бланко ја пофалил својата мајка за тоа што му помогнала да стане партнер која ги разбира женските емоции. „Мајка ми секогаш одвојуваше време да ми објасни како функционира женскиот ум бидејќи поминала низ многу трауми во врските додека јас растев“, признал тој.
Како дете на разведени родители, тој објаснил дека морал сам да ја научи емоционална интелигенција, бидејќи ниеден маж во неговиот живот не му бил пример. Исто така, научил што да прави, а што не, гледајќи ги своите пријатели, велејќи дека повеќето мажи се „толку лоши“ со жените и не ги слушаат нивните потреби. „Жената ќе ти каже точно што ти треба“, зборува Бланко. „Секогаш треба да ја прашаш жената што сака да прави“.
Зборувајќи за минатите врски, Бланко признал дека сè е прашање на обиди и грешки. „Не зборувај за себе цело време. Потоа го применуваш тоа … И толку многу пати грешиш, о боже“, рекол тој, додавајќи дека бакнал многу „прекрасни жаби“ пред да ја пронајде Гомез. Тој им понуди совет на жените: „Не се согласувајте на компромиси“.