[ФОТО] Обожавателите згрозени од новиот производ на „жешката“ актерката: „Одвратно, понижувачко“

Точка

30/05/2025

13:42

2.013

Големина на фонт

а а а

Актерката Сидни Свини, најпозната по улогата во серијата „Еуфорија“, ги шокираше обожавателите со својот последен бизнис потег – лансираше сапун кој ја содржи водата во која се капела. Да, добро прочитавте.

Во соработка со брендот „Dr. Squatch“, Свини го лансираше „Sydney’s Bathwater Bliss“, сапунот за мажи направен од водата во која се капела. Во продажба се 5.000 парчиња, секое со сертификат за автентичност кој потврдува дека навистина била користена водата во која се капела актерката.


„Кога обожавателите ќе почнат да ја бараат твојата купка, или го игнорираш тоа или правиш сапун“, објави Свини.

Инаку таа стана заштитно лице на брендот минатата година, а во една од рекламите им се обрати на гледачите од када: „Здраво, вие валкани момци… дали сте заинтересирани за мојата купка? Секако, сè со цел да се промовира гелот за туширање „Dr. Squatch“ со „машки“ мириси како бурбон, борова смола, кокос.


Успехот на таа кампања очигледно го инспирирал следниот чекор: сапун со нејзин личен печат – буквално.

Реакциите на обожавателите се – благо кажано – поделени. „Те сакам Сидни, но што е ова по ѓаволите?“, „Никогаш нема да излеземе од патријархатот“, „Ова се случува кога те обожаваат исклучиво мажи“, „Безвкусно и одвратно“, коментираат тие.


Некои особено го критикуваа маркетиншкиот правец на производот – сапунот е означен како „за мажи“, што некои го сметаат за чекор назад во однос на правата на жените.

Според описот на производот, сапунот нуди „ултимативен спој на свежина и природа, со ноти на бор, ела, мов и личниот печат на Сидни Свини“. Продажбата започнува на 6 јуни, а сè укажува на тоа дека „Bathwater Bliss“ брзо ќе се распродаде.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk