Професионална готвачка откри кои јадења никогаш не би ги нарачала за појадок во ресторан

Кармин

26/01/2024

17:20

5.574

Големина на фонт

а а а

Појадокот и ужините во рестораните и бранч-баровите овде стануваат сè попопуларни, а доколку не сте сигурни што да нарачате следниот пат кога ќе одите на такво место со пријателите, имаме неколку совети.

Готвачката Лизи Брискин сподели со „Business Insider“ кои појадоци никогаш не би ги нарачала кога јаде надвор, а што е тоа што би го нарачала.

Авокадо тост

Брискин никогаш не би нарачала авокадо тост, а тоа е затоа што може да се направи дома за многу помалку пари. Признава дека сака да јаде кремаст и крцкав тост од авокадо за појадок, но тие знаат да бидат многу скапи во рестораните, па затоа претпочита домашно направено.

Омлет

Омлетот е вистинска класика кога станува збор за појадок, но ова е уште едно јадење што готвачката никогаш не би го нарачала кога јаде надвор. Таа вели дека нарачувањето омлет може да биде доста ризично бидејќи секој од нас сака јајца приготвени на различен начин - некои претпочитаат да бидат кремасти, а некои да бидат малку попржени.

Палачинки

Палачинките можат да бидат одлични на проверени места (особено ако сте љубител на сладок појадок), но ако одите на некое ново место, каде што сè уште не сте ги пробале, не ризикувајте.

Што би нарачала..

Кроасан-сендвич

Од друга страна, за овој готвач сендвичите се одличен избор за појадок, а ако се работи за богат корасан-сендвич, не можете да погрешите. Ова може да биде вистинско уживање кое ќе ве држи сити долго време, а ќе биде уште повкусно доколку го нарачате на места каде што печат свежи кроасани.

Акаи чинија

За вкусен и здрав појадок, Лизи ја препорачува акаи-чинијата, особено ако сте љубител на смути. Фина и кремаста текстура, овој појадок доаѓа со различни додатоци, како што се овесни снегулки, овошје, семки и јаткасти плодови, како и додаден акаи во прав, од каде доаѓа и името.

Шакшука

Ако сакате солен појадок, шакшуката е одличен избор, вели готвачката. Популарно во Северна Африка и на Блискиот Исток, ова јадење со домати и јајца е солено и вкусно, а прекрасно се комбинира и со некое парче леб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk