Рецепт за посни палачинки што ќе ве воодушеват: Идеален појадок за Свети Никола

Точка

17/12/2025

16:18

119

Големина на фонт

а а а

Православната црква и нејзините верници на 19-ти декември ќе ја одбележат најголемата слава и големиот христијански празник – Свети Никола.

Со оглед на тоа што празникот „паѓа“ за време на божиќниот пост, кој трае 40 дена до 6 јануари, поради тоа славската трпеза треба да биде посна.

Затоа во продолжение еден посен рецепт за омиленото јадење на сите генерации. Станува збор за посни палачинки кои се подеднакво вкусни како и обичните. Посните палачинки се подготвуваат без млеко и јајца, а вкусот нема да ве разочара.


Состојки:

500 мл вода (плус уште малку за да се разреди до густина на течен јогурт)

350 г меко брашно

1 лажичка шеќер

половина лажичка сол

2 кесички ванилин шеќер или арома

малку рендана кора од лимон (по желба)

3 лажици масло за тестото + неколку капки масло за пржење (во добра тава нема потреба од масло)

1 лажичка прашок за печиво


Подготовка:

Измешајте вода, шеќер, сол, ванила, масло и рендана кора од лимон. Додадете брашно и прашок за печиво. Убаво измешајте за да нема грутки и печете во добро загреана тава.

Додека се печат – намалете, т.е. приспособете ја температурата за да не изгорат палачинките. Печете ги од двете страни. Намачкајте и завиткајте ги и – уживајте.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk