Кралското семејство на праг на помирување? Инсајдери тврдат како тактиката на Чарлс е да убие „две муви со еден удар“

Кармин

20/11/2023

15:47

2.902

Големина на фонт

а а а

По тврдењата дека на повидок е помирување во кралското семејство, пристигнале инсајдерски информации дека Хари и Меган не би биле баш дочекани со раширени раце.

Упатените тврдат дека навистина добиле покана за Сандрингам и како веројатно нема да ја одбијат можноста да се придружат на прославата за празникот.

Извори блиски до семејството тврделе дека тие двајца сакаат да ги обноват односите и повторно да се поврзат со семејството. Наводно, Хари му се јавил на својот татко за да му честита роденден, а споделиле и видео од нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, како му пеат на својот дедо, кој едвај и го гледале од своето раѓање.


Една нивна пријателка вчера за „Sunday Times“ изјавила дека веројатно радо би ги „закопале секирите“ и би работеле на нивната стратегија за помирување.

Сепак, други веруваат дека таквите планови нема да поминат добро кај сите членови на кралското семејство, особено кај Вилијам бидејќи речиси изгубил секаков контакт со својот помлад брат.

Шпекулациите одат дотаму што некои веруваат дека можеби Вилијам и Кејт воопшто не би биле присутни доколку Меган и Хари се појават на Божиќ.


Друг инсајдер открил како кралот веројатно ќе го покани Хари во текот на Новата година кога Вилијам ќе престојува во селската куќа во Норфолк.

„Тоа секако би имало предност, да „убие две муви со еден удар“, пружајќи му на едниот син маслиново гранче, а да тоа на другиот не му предизвика проблеми“, сметал тој.


Исто така, во кралското семејство постои и голема претпазливост откако и војводата и војвотката откриле детали од приватни семејни разговори, повици, па дури и текстуални пораки во интервју кај Опра, за потребите на документарната серија.


Бакингемската палата одбила да ги коментира последните извештаи. Но, извори претходно изјавиле за „Мејл“ дека кралот никогаш нема да ја „затвори вратата“ на својот најмлад син и верува дека нивниот однос може да се поправи, со текот на времето, зад затворени врати.


Кралот Чарлс јасно ставил до знаење дека Хари – и неговото семејство – се добредојдени да останат на кралскиот имот доколку дојдат во Обединетото Кралство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk