Парис Хилтон ја издаде книгата која носи наслов „Paris The Memoir“, а таму ги напишала и деталите за своето искуство со злоставувањата и агресивната средба со Харви Вајнстајн.
Поради тоа што тоа е тренд меѓу познатите, не е ниту чудно што и продукциските куќи се заинтересирани за адаптација која веројатно ќе биде и тоа кaко популарна.
Имено, за мемоарите на Парис Хилтон заинтересирано е и продукциското студио „А24“, со планови да ги адаптира во серија. Иако моментално сѐ уште нема глумци кои ќе глумат во проектот, сестрите Ел и Дакота Фенинг ќе бидат прекрасни продуцентки на серијата. А самата Парис исто така ќе ја преземе улогата на извршна продуцентка.
Продукцијата сѐ уште е во рана фаза така што нема никакви информации за тоа колку епизоди јавноста може да очекува, ниту кога ќе биде објавена серијата или на кој стриминг сервис.
Деталите за серијата се малубројни, а доколку серијата ги следи мемоарите, тогаш веројатно може да се очекува истата да се занимава со некои шокантни моменти од животот на Парис Хилтон, како што е нејзиниот однос со еден од нејзините учители кога била осмо одделение.
„Ми се јавуваше речиси секоја вечер и со часови разговаравме за тоа колку сум неверојатно зрела, убава, интелигентна, сензуална, несфатена, посебна. Ме потсетуваше дека принцезата Дајана е 30 години помлада од принцот Чарлс. И дека Присила Присли била на мои години кога Елвис се заљубил во неа“, напишала богатата наследничка.
Таа опишала и дека секоја вечер тој ѝ се јавувал со часови, пред еден ден, кога нејзините родители не биле дома, тој да дојде и да ја бакне. Нејзините родители ги фатиле во една прилика, а тој ја обвинил Парис и тогаш родителите ја испратиле да живее кај нејзината баба.
Серијата би можела да се занимава и со сексуалниот напад којшто Парис го доживеала во средно училиште. Во книгата детално е опишано дека двајца мажи од 20-на години ја нападнале, ѝ дале пијалак поради кој се онесвестила.
„Кога се обидов да вреснам, немав воздух во белите дробови. Сѐ што успеав да кажам беше тивко „стоп“, „што се случува“, „запри“, сѐ додека еден од нив не ми ја стави својата рака на устата, агресивно ме притискаше и само ми шепна: Тоа е сон, тоа е сон. Сонуваш“, навела Парис.
Во книгата таа ги опишала и перверзните и чудни коментари кои ги добивала од Харви Вајнстајн, продуцентот којшто е осуден на затворска казна поради сексуално злоставување.
„Ми испраќаше перверзни, чудни коментари за мене и мојата потенцијално голема иднина во неговиот свет. Беше морничав и агресивен колку човек може да биде за време на ручек во преполн ресторан“, истакнала таа.
Серијата исто така би можела да се занимава и за 2000-те години на социјалниот живот во Париз каде често таа била забележувана на забави со пријателките како Никол Ричи и Бритни Спирс, а можно е и да ги прикаже нејзините искуства со ин витро оплодувањето, како и запознавањето и мажењето за сопругот Картер Реума, наведува „Miss7“.