Синот го претворила во ќерка, тој станал клон на актерката! Се зборува дека имаат нездрав однос, ја фотографира мајка си топлес

Кармин

23/09/2023

20:37

41.988

Големина на фонт

а а а

Деновиве Елизабет Харли е неразделна од синот Демијан, а многумина велат дека нивниот однос е повеќе од бизарен и непримерен.

Елизабет Харли вчеравечер била главната гостинка на промоцијата на книгата на Џоан Колинс. Во придружба на нејзиниот син Демијан, актерката влегла во собата како вистинска дама во цветен фустан и затегнато тело.


Како и секој пат кога се појавува во придружба на синот, така и сега сите ги гледале со неверување, бидејќи дваесет и едногодишниот Демијан неодоливо потсетува на Елизабет. Неговата убавина повеќе наликува на женска, отколку на машка, па се шпекулира дека за тоа е одговорна неговата мајка, која од него сакала да направи ќерка која никогаш ја немала.


Британските новинари честопати истакнуваат колку е бизарен и чуден односот меѓу мајката и синот, со оглед на тоа дека тие се неразделни и дека тој често ја фотографирал својата педесет и деветгодишна мајка топлес.

Елизабет имала кратка афера со милионерот и продуцент Стив Бинг пред 20 години, а потоа забременила. Милионерот одбил да го признае синот, но ДНК анализата утврдила дека детето е негово, па таткото морал да плаќа алиментација.

Никогаш не сакал да го види детето, а кога неодамна се самоубил скокајќи од 27-от кат, во неговиот тестамент немало место за Демијан.


Елизабет Харли можеби има убавина, но не и среќа во љубовта. По 13 години врска со Хју Грант, папараците го фотографирале актерот под мост додека го задоволувала трансродова проститутка.


Елизабет се разделила со Грант, но му простила. Парот е во толку добри односи, што Хју е кум на нејзиниот син.

Актерката ја следи гласината дека ја нема изневерено само оној кој не сакал, а сите нејзини момчиња го сакале тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk