Како изгледа денес популарната Вана која го отпеа хитот „Тек је 12 сати“? Нејзините песни се популарни и 3 децении подоцна

Кармин

14/09/2023

16:47

6.868

Големина на фонт

а а а

Без популарната песна „Тек је 12 сати“ не можела да се замисли ниту една забава во 90-тите, а таа песна ја отпеала Ивана Врдољак, попозната како Вана.

Ивана Врдољак, позната под уметничкото име Вана во времето на нејзината популарност била ангажирана како придружен вокал во групата „E.T.“, а откако песната „Тек је 12 сати“ доживеала голем успех, таа станала постојан член и со бендот снимила дури четири албуми во периодот од 1992 до 1996 година.


Во 1998 година Вана по соработката со групата „E.T.“ ја продолжила соло кариерата, а дури ја претставувала и Хрватска на изборот за Песна на Евровизија која се одржувала во Копенхаген со песната „Струне љубави“.

Сепак, поголем дел од јавноста ја памети оваа пејачка по песната „Текје 12 сати“ која и после 10 години е исклучително популарна.

Во 2012 година Вана пеела и на албумот на групата „Неверне бебе“, во песната „За твоје очи“, а во 2015 година учествувала на фестивалот „Сунчане скале“ со песната „Пробај“. Во јануари годинава го издала и спотот за песната „Сузе на киши“, а исто така се нашла и во жирито за музичкото натпреварување „Ѕвездички“ на телевизискиот канал „РТЛ“.

Многумина ја нарекуваат единствена, вистинска дива од Хрватска, почнувајќи од нејзините фанови кои пишуваат коментари под нејзините видеоспотови, до познатата пејачка Ивана Селаков која во една прилика изјавила дека Вана ја смета за единствената музичка дива од Хрватска.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk