20 градови во светот кои се најдобри за основање семејство: Истражувањето ги зело предвид, безбедноста, трошоците за живот, зелени површини по глава на жител...

Кармин

05/03/2026

17:42

570

Големина на фонт

а а а

Австралискиот сервис за споредување на цени направил истражување за да утврди кои градови од светот се најдобриот избор за основање семејство, а на првото место се најде Бризбејн.

Треба многу работи да се земат предвид при изборот на место за основање семејство. Очигледно е дека младите парови сакаат да живеат некаде каде е безбедно, потоа тука се и практичните фактори, како надомест за породилно отсуство и пристапност.

И колку и да е убаво да растете на село, животот во град обезбедува многу работи кои можат да овозможат забавно растење. Меѓутоа, кои градови нудат најдобри услови за млади семејства?


Австралискиот онлајн сервис за споредување цени и производи „Compare the Market AU“ направил нов извештај којшто одговара на тоа прашање.

Девет различни фактори биле проценети за да се дојде до конечниот резултат.

Тоа вклучува безбедност, резултат на среќа, број на активности со деца, месечни трошоци за живот, национални трошоци на семејни бенефиции, национално законско родителско отсуство, национална стапка на вакцинација на деца, национални трошоци за образование и зелени површини по глава на жител.

Според истражувањето на компанијата, најдобро место на светот за основање семејство е Бризбејн. Со вкупен резултат од 6,457, главниот град на Квинсленд во Австралија го зазел првото место на листата, особено поради безбедноста, националната стапка на вакцинација на деца и бројот на зелени површини по глава на жител со импресивни 84,89 отсто.


Австралиските градови генерално добро се покажале во истражувањето, при што Сиднеј, Перт и Мелбурн го зазеле петтото, шестото и седмото место.

Што се однесува до Европа, Лондон го зазел второто место благодарение на изобилството активности приспособени на семејствата, а Хелсинки го зазел четвртото место рангирајќи се како втор најголем град по национална потрошувачка на образование (пред него е само Стокхолм).

Листата од 20 најдобри градови за основање семејство:

🌟Бризбејн;
🌟Лондон;
🌟Окленд;
🌟Хелсинки;
🌟Сиднеј;
🌟Перт;
🌟Мелбурн;
🌟Стокхолм;
🌟Берлин;
🌟Сеул;


🌟Париз;
🌟Њу Делхи;
🌟Прага;
🌟Копенхаген;
🌟Барселона;
🌟Лисабон;
🌟Велингтон;
🌟Рим;
🌟Виена;
🌟Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk