Ѕвездата на „OnlyFans“ својата кариера ја смета за благослов: „Успеав да ја наплатам својата содржина“

Точка

08/06/2023

23:35

5.847

Големина на фонт

а а а

Британската манекенка Деми Роуз (28) на „Instagram“ ја следат 20,2 милиони луѓе поради нејзината убавина.

Таа ги воодушевила своите фанови на споменатата социјална мрежа со фотографии во бикини кое ги истакнува нејзините облини. На фотографиите Деми одмара на Ибица со чаша пијалак на тераса на хотел со поглед на планините и морето. Своите бујни гради ги нагласила во розовото бикини, кое го комбинирала со мини здолниште во истата боја. Изгледот го дополнила со пар црни високи потпетици со голема машна. Деми се одлучила за суптилна шминка која ги истакнува нејзините образи.

Оваа објава е една во низата во која манекенката ги воодушевува своите фанови со своите секси фотографии на кои е провокативно облечена. Иако делува самоуверено, не било секогаш така, а својата досегашна кариера како модел ја смета за благослов.

„Отсекогаш сум сакала да се занимавам со манекенство и кога успеав, тоа го сметам за благослов бидејќи пораснав во окружение каде ме малтретираа и немав многу пријатели“, рекла Деми за „Radio 1 Nevsbeat“.

Непосредно пред пандемијата во 2019-та година нејзините родители починале, а таа многу размислувала за тој тажен период од својот живот.

„Со години објавувам фотографии на социјалните мрежи и повеќето мои фотографии се бесплатни, само неколку се платена соработка, но не можев правилно да ја наплатам својата содржина“, рекла таа за својата мотивација за отворање на профил на „OnlyFans“.

Таму на фановите им ја наплаќала својата содржина за 22,22 долари месечно или 119,99 долари за половина година. Тогаш одлучила да го одјави својот профил на некое време.

Таа не е единствена позната личност која ја користи платформата „OnlyFans“, и таму може да се видат содржини од актерката Бела Торн, раперката Карди Би и актерката Даниел Вестбрук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг