За подигнувањето на свеста за лупусот значително придонеле и јавните личности кои отворено говореле за своето искуство со болеста.
Меѓу нив е и една од најпознатите пејачки Селена Гомез на која лупусот ѝ бил дијагностициран во 2015 година. Поради компликации морала да се повлече од јавноста, а во 2017 година имала и трансплантација на бубрег.
Светскиот ден на борбата против лупусот којшто се одбележува на 10 мај, го насочува вниманието кон оваа често погрешно сфатена автоимуна болест.
Лупусот е хронична состојба која може да се појави одненадеж, а симптомите варираат од благи до животно загрозувачки.
Иако погодува милиони луѓе ширум светот, болеста често тешко се дијагностицира затоа што иницира и други здравствени проблеми. Жените, особено оние кои се во репродуктивна доба, значително почесто се погодени од мажите.
Бројни познати личности јавно говореле за својот живот со лупусот, со што придонеле за сфаќањето на оваа болест.
Што е лупус?
Како што наведува „Mayo Clinic“, лупусот е болест која настанува кога имуниот систем ќе почне да ги напаѓа сопствените ткива и органи, што е карактеристично за автоимуните болести.
Воспаленијата можат да погодат различни системи во телото, вклучувајќи ги зглобовите, бубрезите, кожата, крвните клетки, мозокот, срцето и белите дробови.
Иако сѐ уште не постои лек којшто трајно ќе го елиминира лупусот, симптомите можат да се чуваат под контрола со соодветен третман.
Симптоми на лупус
Симптомите можат да се разликуваат од личност до личност и можат да се развијат постепено или да се појават нагло.
Дел од симптомите се:
- умор;
- зголемена телесна температура;
- болки, вкочанетост и отекување на зглобовите;
- осип во облик на пеперутка на образите или носот;
- промени на кожата кои се влошуваат со изложување на сонце;
- бели или сини прсти кога е ладно или кога сте под стрес;
- краток здив и болка во градите, суви очи;
- главоболка, конфузија и проблеми со помнењето.
Причини и ризик фактори
Според „Mayo Clinic“, лупусот настанува со комбинација на генетски предиспозиции и фактори од околината, како што се:
- сончева светлина, може да предизвика кожни лезии или внатрешна реакција;
- инфекции, можат да активираат болест;
- лекови, одредени лекови за притисок, епилепсија и антибиотици.
Ризик фактори:
1. Пол – почесто се погодени жените.
2. Години: Најчесто се дијагностицира меѓу 15 и 45 години.
3. Раса: Почест е кај Афроамериканците, Латино популацијата и Азијците.