Во текот на 69 години долгата историја на најпознатиот музички фестивал, Кончита Вурст беше нешто целосно поразлично кога пред 11 години смело излезе на сцена во фустан и со брада, па ја однесе победата со песната „Rise Like a Phoenix“.
Малку од победниците на Евровизија можат да се пофалат со долготраен успех во своето поле и години по натпреварот. Меѓутоа, меѓу оние кои оствариле траен успех во историјата на натпреварот е австралиската Кончита Вурст чија победничка песна и денес се изведува на бројни музички натпревари поради својата комплексност во мелодијата и изведувањето.
Она што во нејзиното појавување беше специфично е и нејзиното презиме Вурст што на германски значи колбас. Како што во една прилика објаснила, баш тоа презиме го избрала поради тоа што не е важно како изгледаме туку какви луѓе сме. Уметничкото име Кончита потекнува од поддршката на пријателката од Куба.
Вистинското име на Кончита е Томас Нојвирт, а со својата појава таа даде неверојатна поддршка на маргинализираните групи, особено LGBTQ+ популацијата.
„Отсекогаш сакав да пеам, но ме спречуваше тоа што не сакав да се покажувам во јавноста. Логичната последица на тоа е што дојдов до идеја да креирам лик којшто ќе ме замени на сцена. Брадата секако е провокација, начин да се привлече внимание. Од медицинска гледна точка, нема ништо женствено во мене, никакви промени на своето тело не сум правел и не сум трансродова личност. Го сакам својот приватен живот во којшто сум маж“, изјавил своевремено.
„Ми беше многу тешко да откријам дека сум геј, но фала му на Бог, го имам најдоброто семејство кое отсекогаш ме поддржувало. Секој ден, во зависност од плановите, јас одредувам дали ќе бидам Том или Кончита. Ја сакам својата работа, и двете личности во мене се силни и целосно учат една од друга“, заклучил пејачот.
Откако ја однесе победата на Евровизија во 2014 година конзервативците и верниците бурно реагирале на неа барајќи да се забрани настап на Кончита затоа што, како што навеле, нејзината појава повикува на ѓаволски намери. Меѓутоа, храбрата Кончита имала подготвен одговор.
„Смешно е што вие луѓето мислите дека сум толку моќен. Можеш да ме повредиш само доколку те сакам. Ако не те познавам, навистина не ми е гајле. Има и луѓе кои сакаат да ме убијат, а јас им порачувам: Па, застанете во ред“, изјавила Кончита.
11 години по екот на нејзината популарност, не би ја препознале на улица. Косата ја скратила, женската гардероба и шминка ги оставила.
Иако својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста, Томас т.е. Кончита јавно кажа дека поради уцени на поранешното момче бил принуден да објави дека е ХИВ позитивен.