Бибер проговори за своите мрачни мисли: „Го обвинував Бог, се губам себеси“

Точка

10/05/2025

10:18

483

Големина на фонт

а а а

Меѓу фановите на Џастин Бибер и понатаму владее загриженост поради неговите објави и фотографии на социјалните мрежи и во медиумите.

Пејачот сега сподели нова порака што предизвика нов бран шпекулации и вознемиреност кај јавноста.

„Јас сум само обичен човек полн со мани. Направив работи со кои ги повредив луѓето околу мене, и сè уште правам и зборувам нешта што несвесно можат да им наштетат на другите. Но, утрово се разбудив со уште една шанса – да бидам подобар и помалку себичен“, напиша Бибер.

„Колку сум поискрен – толку сум послободен“

Во друга објава, продолжи со слична мисла, наведувајќи дека се плаши оти ќе биде „разоткриен“ ако им открие на другите колку е навистина себичен.

„Мислев дека ако признаам колку себични чувства носам, луѓето нема да ме сакаат и нема да ми веруваат. Мислев дека искреноста за мојата себичност ќе ме дисквалификува од мојот сон за припадност. Но колку сум поискрен – толку сум послободен“, заклучи тој.


Дополнително, вчера на Инстаграм објави фотографија од птица, со која сподели:

„Вистината е дека секое утро се будам. Некогаш со оптимизам, а понекогаш со песимизам. Не можам да контролирам како ќе се чувствувам, и се фаќам себеси како дури и потсвесно го обвинувам Бог за лошото чувство со кое сум се разбудил, наместо да разговарам со Него и да побарам помош за да ја сменам својата перспектива.“