[ВИДЕО] Актерката од „White Lotus“ го прекина молкот за наводната кавга со колегата

Точка

09/05/2025

18:41

883

Големина на фонт

а а а

Британската актерка Ејми Лу Вуд, која ја знаеме како симпатичната Челзи од третата сезона на хит-серијата „White Lotus“, го прекина молкот и се осврна на гласините дека е скарана со Волтон Гогинс, кој во серијата го игра нејзиниот партнер Рик Хачет.

На црвениот тепих на овогодишната Мет Гала, таа за „Entertainment Tonight“ изјави дека снимањето со актерот било „најдоброто нешто досега“, обидувајќи се да ги замолчи шпекулациите за конфликтот. Покрај неа, на Мет Галата беа и Гогинс и Патрик Шварценегер, кој во серијата го игра Саксон Ратлиф.

Ејми го коментирала и претстојното појавување на Волтон во „Saturday Night Live“, шоуто кое неодамна ги исмеваше нејзините заби и акцент. „Тој ќе биде неверојатен, тоа е совршено за него. Многу сум возбудена што ќе го гледам“, истакнала таа и додала дека самата не планира да се појави во шоуто.


Гогинс го пофалил скечот кој ја исмејуваше Вуд

За потсетување, епизодата „SNL“ емитувана на почетокот на април ја исмејуваше 31-годишната Вуд и нејзината улога во „White Lotus“. Комичарката Сара Шерман ја имитирала актерката носејќи големи протези и исмејувајќи го нејзиниот акцент. Гогинс набргу потоа изјавил дека скечот е фантастичен, што наиде на критики од многумина.


Гледачите на „White Lotus“ веќе некое време шпекулираат за караницата меѓу Волтон и Ејми. До тој заклучок ги доведоа неколку детали, меѓу кои и тоа што не се следат еден со друг на Инстаграм. Интересно е што Вуд го следи „Goggle Glasses“, профил на марката заштитни очила на Гогинс. Претходно, актерот дополнително ги подгреа гласините со тоа што на прашањата за колешката опцу и го прекина интервјуто.