[ФОТО] Погледнете кој го чекал новиот папа меѓу народот: Без обезбедување, со капа и очила, славниот пејач сведочеше на историја

Точка

09/05/2025

13:00

5.928

Големина на фонт

а а а

Пејачот се појавил во моментот кога папата Лав XIV го одржувал својот прв јавен говор. Инаку, станува збор за првиот папа од САД во историјата, а конклавата траела два дена, пред изборот официјално да биде објавен.

Во Рим вчера била забележана сцена која изненадила многумина. Меѓу илјадниците верници и туристи кои се собрале на плоштадот Свети Петар да го дочекаат објавувањето на новиот поглавар на Римокатоличката црква, се појавил и Хери Стајлс.

30-годишниот британски пејач, добитник на три Греми награди и глобална музичка икона, стоел ненаметливо меѓу „обичниот свет“, без обезбедување, носел сива капа со натпис „Techno is my boyfriend“, со црни очила и сино палто.


Сведок на историја: Првиот американски папа

Стајлс се појавил во моментот кога папата Лав XIV го одржувал својот прв јавен говор. Станува збор за првиот папа од САД во историјата, а конклавата траела два дена пред изборот официјално да биде објавен.

За сѐ да биде поинтересно, Хери не бил гостин со ВИП акредитација, туку дел од „обичните луѓе“, тивок и со почит, како и самиот тој да ја чувствува тежината на моментот.

Интернетот полудел: „Денес на доделување на Греми, утре го чека папата“.

Социјалните мрежи „експлодирале“ штом се појавиле фотографиите и видеата. Фановите ширум светот не можеле да веруваат каде го затекнале.


Еден корисник на социјалната мрежа „X“ напишал:

„Хери Стајлс е вистински лик, денес на Греми, утре трча маратон во Јапонија, а потоа ете го во Рим, го чека папата. Го обожувам“.

Други се пошегувале:

„Не можам да верувам, новиот папа прв ден на работа, а веќе го видел Хери Стајлс. Што го чека наредните денови?“,


Маратонец, музичар и мистик?

Да ве потсетиме, Хери минатиот месец учествувал на маратонот во Токио којшто го завршил за помалку од четири часа, пред повеќе од 20.000 учесници. Од светлата на рефлекторите до тишина на римските плоштади, Хери како да го бира животот на сопствен начин, без оглед на очекувањата.