Иако никој не очекуваше дека ќе дојде на овогодишната Мет Гала, Хејли Бибер сепак се појави и тоа сама, а поголемиот дел од вечерта ја помина со својата пријателка Кендал Џенер.
Малкумина го очекуваа доаѓањето на поранешната манекенка, а сега претприемачка Хејли Бибер на овогодишната Мет Гала, особено по скандалите кои ги одбележаа претходните месеци.
Хејли, која во минатото често се наоѓаше на листата на трендсетерки и најдобро облечени жени на Холивуд, овој пат потфрли, а нејзиниот „изглед“ од синиот тепих многумина го окарактеризираа како „просечен“, па дури и „евтин“, за што придонесоа „чевлите за стриптизета кои го поевтинија целото издание“.
Иако темата на Мет Гала е „кроено по мерка“, костумот-фустан со потпис на Сен Лоран, а за кој сега се одлучи сопругата на Џастин Бибер, можевме да го видиме и на многу други настани, додека за еден ваков престижен настан сепак се очекуваше да ја подигне играта на повисоко ниво.
„Изгледа посегнала по првото нешто во нејзиниот плакар“, е само еден од многуте слични коментари, а да не ги спомнуваме критиките за „mule“ чевлите кои не ѝ донесоа ништо добро на целата комбинација.
Ако на тоа се додаде отсуството на Џастин Бибер и мрачниот израз на лицето на манекенката, поради што го доби прекарот „најтажната жена во Холивуд“, јасно е зошто многумина сметаа дека Хејли сепак требало да ја прескокне оваа Мет Гала.
Зошто Џастин не присуствувал?
Последен пат парот беше заедно на овој настан во 2021 година кога пејачот постојано ја тешеше својата сопруга за тоа што толпата дофрлала кон неа. Наративот дека Хејли всушност го „украла“ Бибер од Селена Гомез беше многу силен во тоа време, а манекенката тогаш беше една од најомразените личности на планетата. Таа наводно се расплакала поради дофрлањата, а Џастин ја тешел сето време.
Watch on TikTok
Бидејќи слична приказна се повторува и сега, постои мислење дека Џастин сакал да избегне дополнителна драма, но неговото отсуство многумина го осудија затоа што ја „оставил сопругата сама, на цедило“. Во меѓувреме, тој се огласи на Инстаграм за да сподели слики од неговата дневна соба, а наводно изостанал од Мет Галата бидејќи не сака да биде во центарот на вниманието.
Хаос поради поранешната
Меѓутоа, сето тоа само долеа масло на огнот за ситуацијата која веќе некое време ги полни медиумските страници ширум светот.
What happened to Justin Bieber?
— CHRIS’WORLD (@CHRISsW0RLD) May 5, 2025
Hollywood ruins people… It’s so sad. pic.twitter.com/BLVo8tPnmt
Да потсетиме Џастин веќе подолго време ги загрижува фановите со своето проблематично однесување, особено откако стана татко. Наместо да се „смири“ и да ужива во улогата која толку ја посакуваше, Бибер не престанува да консумира наркотици, што јасно се видело на неколку „лајвови“. Истовремено, неговото појавување во јавноста во неколку наврати дополнително ги загрижи неговите обожаватели.
Ситуацијата наеднаш се влошила кога неговата поранешна Селена Гомез се свршила, што тој на некој начин јавно го прокоментирал, прозивајќи ја не само неа, туку и нејзиниот вереник Бени Бланко, кој е одговорен за неговите најголеми хитови. Всушност, она што славната американска водителка Венди Вилијамс своевремено го кажа – „за Џастин е сè убаво и забаво додека Селена не го најде вистинскиот маж“, се покажа како вистина, бидејќи сè тргна во надолна линија во животот на Џастин откако неговата поранешна е среќна и планира венчавка.
Поранешната завршила на психијатрија
Да потсетиме дека Селена и Џастин беа во долга и токсична врска која резултираше со хоспитализација на пејачката по трауматичното раскинување. По раскинувањето, таа заврши во установа за ментално здравје, а нејзините здравствени компликации само се зголемија. Неполн месец по раскинувањето, Џастин објави дека се жени со Хејли, потврдувајќи ги гласините дека цело време имал афера со неа.
Селена години подоцна немаше никој покрај себе, а навидум совршената врска на Џастин и Хејли полека се распаѓаше. Неговото ментално здравје почна да се влошува, а Хејли неретко во јавноста е нерасположена, со уморен изглед на лицето.
Да не зборуваме за ситуациите во кои Џастин ја третирал лошо и тоа јавно – со трескање на вратата од автомобилот или кога пред сите викал на неа.
Затоа и не е чудно што доаѓањето на Хејли на Мет Гала беше протолкувано како „контрола на штета“ и обид да покаже дека сè е во совршен ред во нејзиниот брак. За жал, ретко кој верува во тоа.