Беше дел од популарната женска група и пленеше со својата убавина, а денес е целосно непрепознатлива: „Изгледам како отечен кит“

Кармин

08/06/2023

19:24

5.753

Големина на фонт

а а а

Поранешната членка на популарниот женски бенд „Atomic Kitten“ решила да покаже како изгледа по сите минати години.

Пејачката Кери Катона моментално ужива на плажите во Шпанија, заедно со својот вереник, од каде објавува различни фотографии, а многумина забележале дека таа драстично се променила.


„Изгледам како отечен кит на плажа. Кога ги гледам фотографиите, се чувствувам како тоа да не е моето тело, како да сум во нечие друго тело. Знам дека не изгледам најдобро, но така е. Не мислам дека сум дебела, само телото ми е отечено, а не знам зошто“, открила пејачката која е инаку мајка на 5 деца, од 3 брака.

За да го подобри својот изглед, таа неколку пати се подложила на липосукција, ги зголемувала и намалувала градите, а ѝ се случувало и пречесто драстично да ослабне, а потоа нагло да се здебели.


Од 2020 година заработувала големи суми на пари објавувајќи фотографии на страници за возрасни.

За потсетување, Катона имала многу тешко детство и живот, а во една прилика открила и зошто започнала да се дрогира.

„Разводот е голема загуба и јас жалев. Тегобите поради одвоеноста која ја чувствувате кога ќе го загубите партнерот се навистина болни. Поради крахот на првиот брак започнав да се дрогирам. Беше многу тешко“, изјавила таа.


Нејзиниот последен сопруг починал од предозираност, а сегашниот вереник ѝ помагал во одгледување на децата со кои има совршен однос.

Кери открила и дека за малку ќе починела во текот на петтото породување, но и дека во минатото била злоставувана од момчето на нејзината мајка, поради што на 13 години завршила во дом за незгрижени деца.


„Моето детство беше прилично хаотично, но не би менувала ништо. Верувам дека и на мајка ми не ѝ е лесно, но мора да продолжиш понатаму. Направив толку многу грешки со сопствените деца , но морам да го прифатам тоа и едноставно да продолжам понатаму“, изјави пејачката во една прилика.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk