Јапонците го утврдиле најбрзиот и најделотворен начин за успивање и смирување на бебе – трае точно 13 минути

Кармин

07/06/2023

20:00

5.175

Големина на фонт

а а а

Ако вашето бебе силно плаче, 5-минутното носење на детето во раце додека полека одите е најефикасниот начин за смирување и успивање, откриле истражувачите на јапонскиот национален научен институт „Riken“.

Студијата била спроведена со цел да се пронајдат најдобрите методи за успивање на бебињата, а во неа учествувале 21 бебе на возраст до 7 месеци и нивните родители.

Оставањето на бебето да спие во вашите прегратки уште 8 минути од моментот на успивањето помага да се спречи бебето да се разбуди кога ќе го ставите во креветчето, додал меѓународниот истражувачки тим.


Техниката „Носи и оди“ дала најдобри резултати

Во рамки на студијата биле тестирани 4 различни методи во времетраење од 30 секунди и биле споредувани реакциите на бебињата. Техниката „Носи и оди“ дала најдобри резултати, додека ставањето на бебето во количка и нишањето напред-назад имало слаби, но позитивни резултати. Другите две опции, држењето на бебето додека седите и ставањето во креветче не дале никаков ефект.

Тимот истражувачи потоа го тестирал временското траење на одењето, а утврдил дека по 5 минути сите бебиња престануваат да плачат.

Одењето со вашата вообичаена брзина е доволно, но бидејќи бебето многу веројатно ќе се разбуди кога ќе престанете да одите, резултатите сугерираат дека подобра опција е да вртите кругови, наместо да се движите напред-назад.

Магична бројка? 13 минути!

Бебињата често се будат кога ќе ги ставите во креветчето откако ќе заспијат, а истражувачите утврдиле дека тоа е затоа што пулсот им се забрзува кога телото губи контакт со личноста која ги носела и токму тоа е причината за будењето.


Во случаите кога бебињата не се разбудиле откако биле сместени во креветчето, родителите претходно поминувале во просек најмалку 8 минути држејќи ги во раце, по 5-минутно одење. Од друга страна, бебињата би се разбудиле доколку родителите ги стават во креветчето во просек 3 минути откако ќе заспијат.

По околу 8 минути, бебињата ја поминуваат фазата во која сонот е плиток и е помалку веројатно дека ќе се разбудат, гласи заклучокот од ова истражување.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk