Вчеравечер се одржа 65-то доделување на Греми наградите во Лос Анџелес, а помеѓу најважните поканети гости била и Адел, која има освоено 15 Греми награди досега.
Таа вчера ја освои својата 16-та Греми награда во кариерата, овојпат за песната „Easy on Me“.
Пејачката се појавила на церемонијата во кадифен бордо фустан со потпис на „Dolce & Gabbana“, со појас на струкот, големи карнери на горниот дел и мини шлеп.
Едноставната, но исклучително впечатлива комбинација, Адел ја заокружила со ефектни обетки, два прстени и нараквица. Таа како и секогаш била едноставно и беспрекорно нашминкана, во нежни нијанси со посебен нагласок на нејзините убави очи, додека усните ѝ биле во „nude“ нијанса.
Косата ѝ била елегантно стилизирана, со доза на холивудски гламур, а целиот нејзин стајлинг оддавал впечаток на филмска дива од златното доба на Холивуд.
Во текот на преземањето на наградата за најдобра соло изведба, Адел му оддала почит на својот син Анџело.
„Го напишав првиот стих под туш, кога одлучив да го променам животот на својот син. Тој беше скромен, љубезен и полн со љубов кон мене сето време“, изјавила пејачката.
Адел имаше 7 номинации на овогодишните Греми награди, вклучувајќи снимка на годината, албум на годината и песна на годината.