Парис Хилтон доби дете: Познатата старлета за првпат се оствари во улога на мајка на 41-годишна возраст

Кармин

25/01/2023

10:05

6.345

Големина на фонт

а а а

Парис Хилтон ги изненади фановите откако во вторникот објави дека таа и нејзиниот сопруг Картер Реум станале родители.

Парот добил син со помош на сурогат мајка, а Парис ја објави среќната вест на социјалните мрежи. На фотографијата која ја сподели со следбениците, се гледа како го држи бебето за рака.

„Веќе си толку сакан што е невозможно да се опише“, напишала Хилтон под фотографијата.

Познатата старлета потврдила за магазинот „People“ дека станала мајка и изјавила дека тоа отсекогаш бил нејзиниот сон.

„Среќна сум што се најдовме јас и Картер. Возбудени сме што заедно продолжуваме да градиме семејство. Нашите срца ќе „прснат“ од љубов кон нашето дете“, вели Парис.

Што се однесува до неговото име, тоа сè уште не е откриено, а Парис не сакала да даде повеќе информации. Инаку, ова е прво дете на Хилтон, додека нејзиниот сопруг веќе има 10-годишна ќерка со реалити ѕвездата Лора Белизи, која наводно само еднаш ја видел.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk