Џорџина се сретнала со шеикот и неговата сопруга: Со еден потег ја засениле ВИП ложата, а еве кој ѝ правел друштво

Кармин

05/12/2022

10:25

14.419

Големина на фонт

а а а

Џорџина Родригез се сретнала со катарскиот шеик и неговата сопруга на Светското првенствно, додека меѓу нив можело да се забележи големо уважување и почит.

Како и многу други убавици и Џорџина Родригез допатувала во Катар за да го следи Светското првенство во фудбал и да го бодри својот вереник, Кристијан Роналдо кој настапува за португалската репрезентација.

Инаку, фудбалерот неодамна се најде на мета на критики поради шпекулации дека масовно плаќа сурогат мајки кои му раѓаат деца. Исто така, се зборува и дека Роналдо и Џорџина имаат посебни правила за воспитување на нивните деца, кои на својот татко му даваат неизмерна поддршка.

Додека убавата Џорџина го следела натпреварот Португалија-Јужна Кореја, имала прилика да се сретне со катарскиот шеик и неговата сопруга, која дефинитивно е модна ѕвезда на Мундијалот.

Имено, за време на натпреварот, Џорџина и нејзините деца се сретнале со поранешниот катарски емир и неговата сопруга. Катарскиот шеик и поранешен емир, Хамад ибн Халиха ал Тани и шеикот Моза ибн Насер, срдечно ја поздравиле вереницата и децата на Роналдо, бидејќи сите биле во најлуксузната ВИП ложа на стадионот.

На фотографијата се гледа дека семејствата се многу блиски и дека неизмерно се почитуваат. А насмевките на нивните лица зборуваат повеќе од било кој збор.

На Џорџина друштво ѝ правела нејзината сестра Ивана, со која го следела натпреварот, додека сите гледале во нив.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk