Барал бизарни интимни односи, имал чуден фетиш: Проговори последната љубов на Елвис Присли – ги откри и неговите зборови пред смртта

Кармин

25/10/2022

20:20

20.092

Големина на фонт

а а а

Џинџер Алден е позната во јавноста како последната љубов на Елвис Присли, но и како „жена која не успеала да го спаси“.

Така барем ја карактеризираат неговите фанови откако се појавила веста дека таа последна го видела жив.

Џинџер Алден и Елвис Присли се вериле по само неколку месеци врска. Иако не биле долго заедно, нивната романса била исполнета со страст. По само два месеци заеднички живот, Елвис ја прашал: „Дали би сакала да се вселиш?“, но таа го одбила, пишува британски „Експрес“.

„Да ја сменам адресата во Грејсленд, а претходно да се сум се венчала, тоа за мене тогаш беше непристојно. Потекнувам од прилично конзервативно семејство. Моите сестри и јас сме одгледани да веруваме дека со некого почнуваш заеднички живот откако ќе се венчате. Се надевам дека ќе разбере, го погледнав во очи и нервозно му реков: Елвис, тоа едноставно не е мој начин. За среќа Елвис го прифати тоа, Се насмеа и рече: Добро, го почитувам тоа“, напишала Џинџер во мемоарите.


Џинџер останала во домот на своите родители којшто се наоѓа веднаш зад аголот покрај вилата на Елвис во Грејсленд. Но, не ни сонувала дека само неколку месеци подоцна кралот на поп музиката ќе го најде мртов на подот од тоалетот.

Прво се забавувал со нејзината сестра 

Елвис ја запросил Џинџер на 26 јануари 1977 година и таа се согласила. Имала само 20 години, а тој 42.

Интригантен детаљ од нивната приказна е фактот што кралот на поп музиката прво се забавувал со сестрата на својата љубовница, која го запознала со Џинџер. За работите да бидат уште поинтересни, новата љубов на Елвис била верена кога тој почнал да ѝ се додворува. На наговор на својата мајка, ја раскинала веридбата и почнала романса со легендарниот пејач.

Елвис на Џинџер ѝ купувал скапи подароци, но и на нејзиното семејство. Автомобили, накит вреден милиони долари...


Не штедел на подароци, планирал на идната тешта да ѝ купи вила, но за жал се случила трагедијата – починал на 16 август 1977 година во Грејсленд.

Џинџер Арден дури годинава го дала првото интервју за Елвис.

Кралот на поп музиката имал бизарен фетиш

Во тоа интервју Џинџер открила како изгледал нивниот прв интимен чин. Според нејзините зборови тој не ја соблекувал долната облека, ниту пак цела облека. Сметал дека партнерите не треба да се видат еден со друг голи пред венчавката. На тој бизарен начин бил интимен со својата вереница. По односот ѝ подарил часовник и ѓердан со дијаманти.


„Знаев дека го сакам и дека не можам да го замислам животот без него. Изгледаше како да го знам многу подолго од само неколку месеци. Верував дека ја пронајдов својата сродна душа. Нашата врска беше толку интензивна“, изјавила таа.

„Мојата рака се тресеше кога ме однесе во спалната соба. Ја крена мојата дланка, го погледна прстенот и само рече: О, човече“.

Последните зборови на Елвис Присли

Присли се борел со пороците. Зависен бил од наркотици и алкохол, физички и психички ја злоупотребувал Џинџер. Бил опсесивно љубоморен, а во напади на бес пукал во телевизорот и телефонот со оруужје кое го чувал во домот.

Таа сакала да го напушти, но немала сила за тоа. Како што открила, Елвис се борел со прејадување, а сите оброци му носеле мака во кревет.


„Одам во тоалетот да читам“, биле неговите последни зборови, открила Џинџер Алден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk