На 15 години се венчаше со монструм, трагично загина на 22-годишна возраст: Смртта на омилената пејачка светот никогаш не ја прежали

Кармин

25/08/2022

21:07

31.931

Големина на фонт

а а а

Пејачката Алија Дејна Хотон го загуби животот на 25-ти август 2001 година во трагична авионска несреќа. Го живееше животот со полни гради, а непосредно пред смртта го заврши снимањето на својот последен музички спот.

Заедно со неа, во авионот се наоѓале двајца вработени од издавачката куќа „Blackground Records“, Даглас Крац и Џина Смит, телохранителот Скот Галин, фризерите Ентони Дод и Ерик Форман, шминкерот Кристофер Малдонадо, пријателот на Алија Кит Волис и пилотот Луис Моралес кој управувал со леталото.

Авионот првично доцнел и екипата била нервозна бидејќи се плашеле дали ќе стигнат навреме во Мајами на настан на кој требало да присуствуваат. Летот требало да трае еден час.

Кога авионот конечно пристигнал, Алија заедно со својот тим се качиле, но по само 60 метри од пистата односно 1 минута по полетувањето, леталото се срушило и удрило во земја.

Алија починала на лице место, заедно со 5 други патници, додека останатите тројца починале неколку часа по несреќата.

Резултатите од истрагата покажале дека пилотот ги лажирал потребните сертификати за да добие дозвола за лет, а било утврдено и дека во моментот на несреќата бил под влијание на опијати и алкохол.

Кариерата на Алија започна кога се појави во американско талент шоу на само 10 години. Првата песна ја сними на 12-годишна возраст, а првиот албум го објави две години подоцна.


Во тоа време, 27-годишниот Ар Кели кој беше еден од најпознатите пејачи ја зеде младата Алија под закрила, по што двајцата се зближија и се венчаа во 1994 година, кога таа имаше само 15 години. Бидејќи била малолетна, нејзините родители морале да дадат согласност за брак.

Ар Кели и Алија беа само една година во брак, а Кели подоцна поради обвинението за брак со малолетничка тврдеше дека таа криела од него колку години има.


Откако нивниот брак беше поништен, кариерата на младата пејачка продолжи да цвета. Таа се испроба и во светот на актерството и имаше успешни улоги во филмовите „Romeo Must Die“ и хоророт „Queen of the Damned“.

Во 2001 година го објави својот, за жал, последен албум наречен „Aaliyah“.


Оваа пејачка со препознатлив глас зад себе остави бројни музички хитови како „Try Again“, „If Your Girl Only Knew“, „Hot like Fire“ и „4 Page Letter“ и успешните албуми „Age Ain't Nothing but a Number“, „One in a Million“ и „Aaliyah“.

Алија ќе остане запаметена како една од најуспешните аренби уметници на сите времиња.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk