Вистински жени со вистински тела! Тие не се срамат од својот стомак и целулит – овие славни убавици нè охрабруваат да го сакаме своето тело

Кармин

18/07/2022

16:05

30.659

Големина на фонт

а а а

Некои жени вредно тренирале и се подготвувале за лето, додека многумина од нас гледаат фотографии од летувања од претходните години, мислејќи: „ех, како сега немам толку килограми“ и „колку кожата тогаш ми беше затегната“.

Сепак, иако славните жени се под огромен притисок да изгледаат совршено, некои од нив гордо ги покажале своите тела со сите несовршености.

Се разбира, целулитот е најприродна работа и не секогаш е возможно да се ослободиме од него со вежбање и доволна хидратација. Едноставно не можеме да побегнеме од генетиката.

Но, дури и ако нѝ пречи, тоа не значи дека треба да се срамиме и да го сокриваме на плажа.

Погледнете некои од светски познатите жени кои гордо го покажуваат целулитот и не се срамат од него.

Деми Ловато со гордост објавува необработени фотографии во бикини


Ешли Грејам на фотосесија во Лос Анџелес


Ким Кардашијан ослабна, но целулитот не исчезнал целосно


Алесандра Амбросио совршено изгледа дури и со целулит


Џеј Ло е доказ дека секоја права жена има целулит


И Ирина Шајк има целулит


Камила Кабељо често е на мета на лоши коментари кога се работи за нејзиниот изглед


Шерон Стоун е икона на убавината и сексапилот


Кортни Кардашијан тренира речиси секој ден, а целулитот гордо го носи



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk