Лесни, шик и неодоливо секси: Сатенските фустани се сè што ви е потребно за гламурозно лето

Кармин

06/07/2022

17:53

7.214

Големина на фонт

а а а

Сатенските односно слип фустаните и ова лето се полн погодок доколу сакате да ги следите водечките трендови.

Интересно е што сатенот на почетокот бил користен како материјал за навлаки, но многу набрзо влегол во модната сфера благодарение на својот луксузен изглед.

Иако својот врв на популарноста го достигнаа во 90-те години, минималистичките слип фустани не исчезнаа од модната сцена туку се наметнаа како моден класик.


Минималистичкиот фустан инспириран од долната облека од 20-те години на минатиот век стана најпосакуваниот модел на таа деценија. Во ваквиот женствен модел позираа бројни дами на црвениот тепих како Винона Рајдер и Кејт Мос, а една од најголемите модни икони, Керолин Бесет-Кенеди, одбра ист таков модел и за својата венчаница.

Тајната на успехот и долговечноста на овој фустан лежи токму во неговата едноставност со елегантен дизајн, а таа комбинација никогаш не е здодевна.

Освен фустаните со слип крој, сатенот денес краси и бројни други силуети на фустани особено верзиите со неодолив ретро шарм во знакот на волуменозните ракави.

Наместо тешките монотони сатенски кроеви кои во 80-те најчесто беа синоним за лош матурски фустан, новите верзии се лесни, прозрачни, шик и неодоливо секси, а еве дел од моделите кои ова лето ќе доминираат на улиците:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk